Нема ручек дека мама сега стана, тато лежи како труп – дете стана хит со описот што прават по дома за време на Корона

0

Психолозите во ова време-невреме, кога сите сме дома поради Корона вирусот, предупредуваат на уште една опасност која демне, а тоа се психозите кои можат да настанат поради седење во затворен простор.

Па така, тие советуваат да се наоѓаат начини за занимација и анимација на семејството, игри во кои сите би биле вклучени, заеднички гледање филмови, или изучување на некои интересни содржини. Изучувањето на странски јазик е многу популарна занимација.

Тие исто така предупредуваат и на можното нарушување на семејните односи, како резултат на претходна нетрпеливост меѓу брачните сопружници. Вакви состојби во некои семејства неминовно ќе се случат.

Но тука се децата, поради кои вреди и мора се обидеме да бидеме позитивни и атмосферата дома да ни биде на највисоко ниво. Дечињата не знаат за нашите приватни и професионални проблеми, а ова е одличен момент на тоа барем за малку да заборавиме и искрено да се потрудиме.

Верниците кои оваа состојба ги затекна во Великиот пост, велат дека ова е одличен подвиг, при кој тие ќе ја покажат својата волја и послушание, каде освен воздржувањето од храна, ќе се обидат постот да им биде успешен и од духовен аспект.

Дека децата се најискрените суштества и не знаат да лажат доказ е ова дете од Хрватска. Тој на лист хартија, напишал што прават неговите родители по цел ден дома поради карантинот од корона вирусот. Детете на далматински дијалект ја опишал атмосферата кој владее дома.

Мама доцна стана. Пие кафе за ручек а ручек нема. Короната ја поремети-ја опишува мајка си. Детето немаше пофални зборови ниту за таткото.

–Тато сега гледа телевизија и лежи како труп. Гледа на телевизија некои Англичани како прават огромна фенси куќа. Обичо заспива попладне кога гледа телевизија-вели синот за татка си.

Претходна статијаСе огласи Русија по повод нашиот прием во НАТО: Проширувањето со Северна Македонија ќе донесе нови поделби
Следна статијаКостадинов: Секој граѓанин, дури и невработените ќе имаат приход – нови мерки од владата