Во Франција од дома може да се излезе само со потврда – наш читател ни го испрати образецот (ФОТО)

0

Како резултат на епидемијата на коронавирус, аеродромот Орли во Париз вчера вечер ги затвори вратите на неодредено време. Сепак, тој ќе продолжи да прифаќа државни и медицински летови и пренасочувања во итни случаи, пренесува Макфакс.

По првпат во својата историја и неговиот концесионер Групата АДП, аеродромот Орли-Париз ги затвори своите врати на неодредено време.

-Не, не затворате аеродром како да ги затворате ролетните на летна резиденција. Пред да решиме „да престанеме со комерцијалната експлоатација на Орли, прво контактиравме со државата.

Генералната дирекција за цивилно воздухопловство, авиокомпаниите како и со различните даватели на услуги кои работат на платформата, вели Мишел Ландел, раководител на операциите за воздушните подрачја на Париз Орли.

Откако беше донесена одлуката, „од компаниите било побаран долгорочно паркирање на авиони“, изјави управителот на пистата во Орли. „Складирање на авиони“, во жаргонот на аеронаутика. Ер Франс, Ер Караиб, Френч Би, Корсаир, Изиџет или Левел се компании со седиште во Орли.

Вкупно ќе бидат паркирани повеќе од 80 авиони. Екипите на АДП додале уште 41 место за „складирање“ на постоечките 70 авионски паркинзи, кои вообичаено им дозволува на патниците да се качат и да полетаат од Орли. За да се паркираат десетици авиони, мораше да се затвори пистата со бетонски коловоз, единствената што може да ја издржи тежината на авионите во текот на долг период.

Авионите Ербас и Боинг нема да останат неподвижни на аеродромот. Тие ќе треба да се движат за да избегнат деформирање на гумите. Додека се паркирани, тие исто така ќе поминат на бројни и повторени операции за одржување на секои седум до десет дена.

Во пракса, Орли нема да биде затворен, туку само заспан. Со активност еднаква на онаа што ја одржува аеродромот, кога се става во „полициски час секоја вечер од 23:30 часот до 6 часот наутро“, вели Мишел Ландел. Контролната кула ќе работи, особено за да се сместат аеродромските товарни активности и евентуални државни и медицински летови или итни пренасочувања.

Инаку во Франција од пред десетина денови не може да се излегува туку-така од дома. Доколку ви направи контрола полиција, морате да приложите потврда на која е наведено која е вашата потреба, зошто излегувате.

Оправдани причини се само медицинска потреба, завршување на работни задачи кои се дозволени да се извршуваат, или набавка на основни прехранбени производи или медикаменти.

Ова е формуларот кој мора да го имате со себе доколку излегувате од дома и да го покажете доколку ви го побараат.

Претходна статијаВо Франција повозрасните веќе не се ни ставаат на респиратор
Следна статијаСе огласи Русија по повод нашиот прием во НАТО: Проширувањето со Северна Македонија ќе донесе нови поделби