По Визер, уште една авиокомпанија со која летаат Македонците ги откажа летовите кон Италија

0

Авиокомпанијата Wizz Air, пред неколку денови објави дека летовите за Милано (MXP), Тревизо (TSF) и Бергамо (BGY) ќе бидат суспендирани, поради затворањето на северниот дел на Италија, со цел да го спречи ширењето на Корона вирусот.

Летовите од Скопје и Охрид кон горенаведените италијански градови ќе бидат прекинати до 3 април. Патниците кои имаат направено резервација во овој период ќе бидат автоматски известени и ќе бидат сместени на алтернативни рути во најрано можно време.

Сите оние кои имаат букирано директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата ќе добијат известување на нивната електронска пошта, каде ќе им биде понудена бесплатна повторна резервација, целосен повраток на нивните средства или 120% повраток на цената во кредити.

Патниците кои имаат резервирано преку туристички агенции – вклучувајќи ги онлајн туристичките агенции – треба да стапат во контакт со компанијата преку која ги купиле нивните билети. РУТИ SKP – MXP SKP – TSF OHD – MXP.

Денес уште една авиокомпанија извести за откажување на летовите за некои делови од Италија. Се работи за Ер Србија, компанија која има извонредно популарни цени за авио билети и со која Македонците многу често летаат.

Авио-компанијата Ер Србија објави дека ќе ги прекине летовите кон Италија од аеродромот во Ниш, додека пак летовите од аеродромот во Белград ќе бидат редуцирани поради епидемијата на вирусот Ковид 19, од денеска до крајот на март.

Од Ниш привремено се укинати летовите за Болоња и Рим, додека од Белград до крајот на март и почетокот на април редуцирани се повеќето летови за Милано и Венеција, освен линијата за Рим која ќе продолжи да функционира.

На патниците кои имаат купено билети ќе им биде понудена бесплатна замена за истите дестинации во подоцнежен термин до крајот на летната сезона, или бесплатна замена на билети за други дестинации до кои Ер Србија лета од Ниш или Белград или рефундирање на паричните средства.

Од „Ер Србија“ порачаа дека поради глобалната епидемија на коронавирусот е во постојана комуникација со Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Србија, со Светската здравствена организација (СЗО) и Меѓународната заедница за воздушен сообраќај (ИАТА).

Претходна статијаЖивееме во Швајцарија – жена ми секој втор месец си одеше за МК, конечно ја дознав причината
Следна статија(ФОТО) СДСМ ги објави кандидатите за пратеници, познати и носителите на листите