(ФОТО) СДСМ ги објави кандидатите за пратеници, познати и носителите на листите

0

Од СДСМ вечерва ги утврдува конечните кандидатски листи на коалицијата со БЕСА, така што откако кандидатските листи ќе ги поминат партиските филтри, тие треба да бидат доставени до ДИК најдоцна до 12 март (четврток) на полноќ.

„СДСМ е предводник на промените, партија која го унапредува политичкиот плурализам, партија на прогресот во Северна Македонија, партија која работи за сигурна македонска иднина.

Денес, сите ние кои сме дел од СДСМ ги продолжуваме одговорните и државотворни политики што водат напред, кон интеграција, кон развој, кон подобра иднина за сите граѓани. Две и пол години СДСМ ја предводи власта. Две и пол години државата, општеството напредуваат во секое поле“, им се обрати претседателот Зоран Заев на присутните на 24.Конгрес на партијата на кој се објавуваат листите со кандидати за изборите.

Во победничка атмосфера тој наброја многу од проектите реализирани во мандатот на СДСМ.

„Во 2016 година најавивме концепт со кој парите ги враќаме назад кај граѓаните. Денес, тој концепт е целосно исполнет. Затоа е укината е радиодифузната такса, воведовме евтина дневна тарифа на струјата за помали сметки во семејствата, ги намаливме трошоците за катастар, за адвокатски, нотарски и извршителски услуги, сериозно ги намаливме и казните за физичките лица, за 300 отсто ја зголемивме социјалната помош, го проширивме опфатот на детски и образовен додаток, а воведовме и социјална пензија. Субвенциите за земјоделците ги зголемивме и ги исплаќаме навремено, а 55.000 земјоделци набавуваат нафта за 30 отсто поевтина. Над 8,5 милиони евра враќаме директно на сметките на граѓаните преку мерката мој ДДВ“, истакна Заев.

Заев рече дека како држава која претходно била скарана со речиси сите соседи, сега сме држава која е пријател со сите земји во светот.

Понатаму во говорот тој се осврна и на зголемените плати, просечната е близу 27.000 денари, а минималната порасна на 14.500 денари, додека пензиите пораснале за 722 денари, а до крајот на годината ќе пораснат и до 900 денари. Успешните економски политики се препознаени и потврдени преку сите економски параметри.

Носители на листи на СДСМ- БЕСА ќе бидат: Во ИЕ1 – Никола Димитров, ИЕ2- Оливер Спасовски, ИЕ3- Љупчо Николовски, ИЕ4 -Зоран Заев, ИЕ5- Радмила Шекеринска, ИЕ6-Коалиција (Билал Касами).

Претходна статијаПо Визер, уште една авиокомпанија со која летаат Македонците ги откажа летовите кон Италија
Следна статијаДошол во Македонија да си го оствари својот сон, но не му даваат државјанство