Живееме во Швајцарија – жена ми секој втор месец си одеше за МК, конечно ја дознав причината

0

Дванаесет години со сопругата и двете деца живееме во Швајцарија. Сега нема да навлегувам во детали каде точно, бидејќи сакам да ги заштитам дечињата. Едното има петнаесет, а другото дванаесет години и се роди овде.

Јас сум по професија програмер и работам во приватна компанија за производство на софтвер. Изработуваме веб сајтови, мобилни апликации, десктоп апликации, лого, дизајн и се што оди во оваа дејност.

Мојата струка е многу барана секаде во светот и одлично сум платен. Имав понуди за работа и во Германија, па дури и во Америка, но сепак се одлучивме да останеме во Швајцарија, бидејќи ни е најблиску до дома.

Примањата во Швајцарија се големи, но и трошоците за живот не се мали. Најголема ставка е киријата, но сепак се покриваме и добро ни беше. Месечно по две до три илјади фрамци тргавме и на страна.

Соња работи како диспечер во една компанија која продава пици во цел свет. Прима нарачки. Значи таа не е важно каде е, условот за нејзината работа е да знае добро англиски и да има компјутер покрај себе во одреден дел од денот, по неколку часа, кога мора да одговара на повици.

Токму затоа, таа многу почесто од мене се враќаше во Македонија. На почеток не се сомневав ни најмалку. Нејзиното објаснување беше дека ја фатило носталгија и сакала да ги види родителите. И тоа за мене беше доволен аргумент, бидејќи и авионските билети не се скапи.

Но што се случи. Еден ден ми се јавува брат ми и ми вели вака:

-Брат мораш подитно да дојдеш во Македонија. Не ме прашувај зошто и како, само качи се на авион или кола и дојди. И дојди сам, ми рече. Не е ништо страшно, сите сме добри по дома, само дојди треба нешто да дознаеш. И уште еднаш ме предупреди да не кажувам ништо дома.

Ај бељата, си реков, што ќе да е сега ова, повторно ни во еден случај не се посомневав во жената.

Стигнав во Скопје, ме пречека братов и мојот најдобар другар. Ми рекоа, моравме да те викнеме и во лице да ти го кажеме ова, бидејќи ако ти кажевме по телефон, можеби ќе направеше некоја глупост. Жена ти има шваљер! Тој е мој пријател, ми рече другаров Иво. Дечкото бил измамен од жена ти дека е слободна!

Имено, жена ми до толку се зацапала во дечкото, што го лажела дека не е мажена, туку дека сама живее во Швајцарија. Планот и било да му открие дека има семејство, кога дечково ќе се согласи да ја земе за жена и тогаш да побарала развод од мене.

Ова дечкото му го кажал на другаров Иво, кога малку прочепкал и ја дознал правата вистина. Сега и тој си барал ..чаре” како да се откачи од Соња.

За мене ова беше болно. Можете да претпоставите колку многу. Но тоа е, таков е животот. Ме правела магаре околу две години. Направивме план сите заедно, како да ја фатам жива, да нема кај да бега и потоа да се разведам од неа, но да се откачи и недолжниов момак кого го завела.

Се вратив во Швајцарија и се правев како ништо да не знам. Поминаа десет дена, а Соња ми вика, сакам да одам Македонија, да ги видам моите. Добро и викам, оди. Таа веќе извадено и карта и се.

По неколку денови, ја носам накај аеродром и ми се случуваат емоции. Ми поминува целиот живот со неа низ глава, бидејќи навистина имавме убави моменти. Обично ја оставам пред аеродромската зграда и заминувам, но овој пат паркирав и влегов со неа.

Соња ме одвраќаше, као нема потреба остај ме, ама јас не, влегов. Се чекираше и потоа седнавме на кафе. Почнав да и зборувам, па што бараш сега во МК, многу често одиш, ме оставаш мене и децата сами. Како да сакав да и дадам шанса да се предомисли. Мо попусто.

Се изнервира и почна да се дере на мене. Знаете она, кога е некој крив, почнува да вика. Се ми беше јасно. Мислам, си знаев, само уште еднаш ми се потврди.

Авионот летна, а јас во ретровизор го гледав леталото во кое беше жена ми, која веројатно ја видов за последен пат како моја сопруга. Следното видување ќе биде на суд.

Кога таа стигна таму, според планот, ја пречека брат и, на кого му беше сè објаснето. Тој веднаш и кажал. Плачела, вриштела, негирала, но и се појавил и брат ми и другаров и дечкото. И тука веќе немала каде. Избегала кај мајка и, се затворила во соба и го преживувала тоа што самата си го направи.

П.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статија(ВИДЕО) Атиџе за прват славеше 8-ми март: Кога се фати за микрофонот следеа овации
Следна статијаПо Визер, уште една авиокомпанија со која летаат Македонците ги откажа летовите кон Италија