Корона пристигна во Њујорк – вечер играат Никси, деновиве има концерт Тејлор Свифт – властите во дилема

0

Соединетите Американски држави како да беа заобиколени од новиот Коронавирус. Тој почна од кинески Вухан и многу брзо се прошири во Европа и Азија. Најмногу се почувствува во Италија, каде има и најмногу заболени во споредба со останатите Европски држави.

Во Америка најпрво се извести за сомнителен случај во Калифорнија, а потоа изминатите неколку денови наеднаш се појавија многу случаи во Вашингтон. Властите информираа дека дури шестмина починале изминатата недела.

Во државата Њу Џерси каде што живеат многу Македонци е регистриран само еден случај кој е сомнителен и се тестира. Но затоа пак во државата Њујорк, вчера е потврден случај на заболен од Коронавирус. Се работи за жена која се вратила од Иран.

Две училишта во Бронкс и округот Вестчестер, беа затворени вчера. Беше затворена синагогата во близина на Нов Рошел. И скоро секоја од 427-те метро станици во градот беше дезинфицирана со белило.

Овие мерки на претпазливост се спроведоа по дијагностицирањето на вториот потврден случај во државата на коронавирусот. Човек во 50-тите години од Вестчестер. Првиот случај беше жена на Менхетн (39), која неодамна се врати дома од Иран, пишува Њујорк Тајмс.

Властите во Њујорк ги превземаат сите мерки на претпазливост, но истовремено предупредуваат дека коронавирусот не може да се спречи, туку само да се забави неговото ширење, односно да се превенира.

Стејт департментот за здравство, во Албами, ги тестира можните случаи и ги следи луѓето кои можеби биле во контакт со секој што бил позитивен на тестот. Градските службеници за здравство прават слична работа.

Федералните здравствени службеници испитуваат дали вирусот мутира и гледаат дали стапката на морталитет се покачува.

Властите во Њујорк имаат две упатства за постапување. Едната е напишана од Центрите за контрола и превенција на болести во 2017 година. Другата беше напишана од државни службеници во 2015 година. Двете се напишани за свинскиот грип Х1Н1 во 2009 година.

Овие упатства содржат прилично екстремни работи: затворање на училишта, откажување на концерти и спортски настани. Не знеме дали некогаш ќе дојдеме до тоа. Но, доколку вирусот се рашири, веројатно да, велат официјалните лица.

Минатата недела разговарав со Хауард А. Закер, државен комесар за здравство. Тој рече дека веројатно има повеќе луѓе кои имаат коронавирус, отколку што потврдија официјалните лица. Ова може да значи дека стапката на см ртност е веројатно пониска отколку што мислевме, пишува новинарот на Њујорк Тајмс. Но, д-р Закер исто така е загрижен дека коронавирусот би можел да мутира.

Во моментов има двојба меѓу државните и градските власти, особено ако се појават стотици случаи, дали да се започне да се преземаат драстични чекори, како затворање на училиштата. Засега не сакаат да се оди со тој чекор кој би ја вознемирил јавноста, бидејќи нема многу случаи на заразени.

Во Њујорк на пример, постојано се случуваат настани. Вечерва, Њујорк Никс играат против Јута џез во Медисон Сквер Гарден, Бруклин Нетс играат против Мемфис Гризлис во Центарот Баркли. И сезоната на бејзбол е започната веќе четврта недела. Концерт има закажано Тејлор Свифт…

Со оглед на тоа што настаните се одвиваат многу брзо, одржувањето на сите овие манифестации ќе зависи од тоа дали и со колкава брзина ќе се шири вирусот. Во Италија на пример, беа откажани многу културни и спортски настани.

Претходна статија(ФОТО) Познато каков автомобил од државата му е доделен на Заев
Следна статијаФилипче објави што ќе треба да прават Македонците кои летаат со Визер