Филипче објави што ќе треба да прават Македонците кои летаат со Визер

0

Во свој статус на социјалните мрежи, министерот за здравство Венко Филипче информира за најновата ситуација со Коронавирусот, како и за мерките кои се превземаат за патниците кои летаат со Визер:

,,Во изминатото деноноќие нема нови пациенти кои се тестирани за корона вирусот. Единствената пациентка којашто е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е добра. Нејзината здравствена состојба секој ден се повеќе се подобрува.

Се одлучивме за уште еден чекор, за подигнување на контролата на уште повисоко ниво. Патниците со авионите на Wizz Air од Милано и Венеција на скопскиот и охридскиот аеродром ќе пополнуваат здравствен локатор/карта за контрола и следливост на патниците.

Набавката на заштитни материјали е во тек, ќе се спроведе евалуација на понудите, додека дезифиционите средства после потпишувањето на договорот пред два дена, веќе денеска ќе започне да се дистрибуираат во училиштата ширум државата. Сите институции се на ниво на задачата и во целост се придржуваат до утврдените протоколи.

Нови земји во коишто е проширен вирусот се Андора, Латвија и Португалија. Во Србија, Косово и Албанија нема регистрирани пациенти. Во Грција има уште еден пациент заболен од корона вирус. Сега се вкупно 8, од кои 4 се во Солун, 4 во Атина.

Препораката за неодржување на масовни јавни собири важи до 6 март. Ќе ги евалуираме сите работи, сите податоци. Веројатно во текот на утрешниот ден попладнето или рано наутро во петок ќе излеземе со нова препорака, согласно најновите информации со состојбата не само кај нас, туку и во земјите од регионот.

Апелирам до граѓаните, да се придржуваат до мерките за заштита и превенција од корона вирусот.

Доколку нешто не е итно и неодложно да не се патува во ризичните региони, заради тоа што тоа е најважна мерка со којашто се грижиме за здравјето на нас самите, на нашите блиски и генерално на сите граѓани во државата.”

Претходна статијаКорона пристигна во Њујорк – вечер играат Никси, деновиве има концерт Тејлор Свифт – властите во дилема
Следна статија(ФОТО) Еден куп наши граѓани секој викенд се кај нив, а ти сега ја присвоија Македонија