Челичниот Путин знае да биде и нежен маж – еве како го честиташе 8 Март (ВИДЕО)

0

Меѓународниот ден на жените „8 Март“ е празник на економските, политичките и општествените достигнувања на жените. Идејата да се одбележува овој празник се појавила во почетокот на 20 век во време на индустријализацијата и економската експанзија која често доведувала до протести поради лошите работни услови.

Во 30-тите години некои држави престанале да го одбележуваат овој празник, но во 1975 година Обединетите нации почнале официјално да го одбележуваат.

Денот на жените се одбележува во сеќавање на пожарот во текстилната фабрика Триангл Шртвеист, кој се случил во Њујорк во 1911 година. Тој ден загинале над 140 жени. Првите јавни демонстрации на жените вработени во индустрија за облека и текстил се случиле на 8.03.1857 година во Њујорк.

Текстилните работнички протестирале поради лошите услови за работа и ниските плати. Демонстрациите ги растерала полицијата, а два месеци подоцна тие исти жени основале синдикат.

Протести на осми март се случувале и следните години, од кои најпознати биле во 1908 година, кога 15.000 жени марширале низ Њујорк барајќи работно време, подобри плати и право на глас.

Првата меѓународна женска конференција е одржана во Копенхаген во 1910 година во организација на Социјалистичката Интернационала. Празникот е утврден на предлог на славната германска политичарка и борец за човекови права Клара Цеткин.

Веќе идната година празникот го одбележале милиони луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. Првиот ден на жената се славел на 28.02.1909 година во САД по повод декларацијата која ја донела Социјалистичката партија на Америка.

Демонстрациите по повод Меѓународниот ден на жената во Русија биле прво скалило на руската револуција. По Октомвриската револуција, болшевичката феминистка Александра Колонтаи го убедила Ленин 8.03 да стане државен празник. Во текот на советскиот период тој се користел за одбележување на херојството на работничките.

За Русија долго време не се јавуваше за случаи со Корона, но се чини дека светскиот бран не ја зобиколи ниту оваа земја.

Локалната власт на Москва најави дека лицата кои се вратиле од земјите погодени со новиот коронавирус, а не се изолирале во своите домови на две недели, ќе бидат казнети и до пет години затвор. Властите прогласија висок степен на тревога и воведоа дополнителни мерки со цел да го спречат ширењето на Ковид-19 во Русија.

Лицата кои се вратиле од Кина, Јужна Кореја, Иран, Франција, Германија, Италија, Шпанија и други земји каде има евентуални неповолни знаци на новиот коронавирус, треба да се самоизолираат 14 дена, соопшти Градското собрание на Москва.

Секретаријатот за здравство соопшти дека за лицата кои ќе го прекршат правилото следи тешка казна, вклучително и затворска казна до пет години. Во Русија досега се регистрирани 15 пациенти со новиот коронавирус.

Рускиот претседател Владимир Путин им го честиташе Меѓународниот ден на жената на сите дами – 8 Март, велејќи дека руските жени се најдобри на светот.

“Овој ден секогаш е исполнет со радост, цвеќе, подароци и искрени, срдечни чувства. Денес ние мажите им го честитаме празникот на нашите мајки, сопруги, ќерки, пријателки и колешки”, истакнал првиот човек на Руската Федерација.

Путин исто така додал и дека им се даваат посебни признанија на сите жени кои се посветуваат на мајчинството и му подаруваат на светот нов, неповторлив живот.

“Тоа е најодговорната и нималку едноставна задача, но истовремено е најблагородна и најблагодарна”, додал рускиот претседател.

Владимир Путин во име на сите мажи ветил дека заедно ќе се трудат да им бидат достојни на жените, и тоа не само за овој празник туку секој ден.

Претходна статијаВизер почна да откажува летови и објасни што со купените билети
Следна статијаДве држави членик на ЕУ за нашите матуранти со понуди што не се одбиваат – им нудат бесплатно студирање и пари на рака