Визер почна да откажува летови и објасни што со купените билети

0

Авиокомпанијата Wizz Air, која важи за најзелена авиокомпанија во Европа и најголем ниско-буџетен превозник во Централна и Источна Европа, денеска објави дека рутите за Милано (MXP), Тревизо (TSF) и Бергамо (BGY) ќе бидат суспендирани, поради затворањето на северниот дел на Италија, со цел да го спречи ширењето на Корона вирусот.

Летовите од Скопје и Охрид кон горенаведените италијански градови ќе бидат прекинати до 3 април.

Патниците кои имаат направено резервација во овој период ќе бидат автоматски известени и ќе бидат сместени на алтернативни рути во најрано можно време.

Сите оние кои имаат букирано директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата ќе добијат известување на нивната електорнска пошта, каде ќе им биде понудена бесплатна повторна резервација, целосен повраток на нивните средства или 120% повраток на цената во кредити.

Патниците можат да одберат помеѓу горенаведените опции со кликнување на линкот на нивната електронска пошта и лесно да ја одберат најдобрата опција преку нашата платформа за само-користење.

Ве молиме имајте во предвид дека авиокомпанијата може да ги информира само патниците кои нивната резервација ја направиле преку wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата.

Патниците кои имаат резервирано преку туристички агенции – вклучувајќи ги онлајн туристичките агенции – треба да стапат во контакт со компанијата преку која ги купиле нивните билети. РУТИ SKP – MXP SKP – TSF OHD – MXP.

Извор: Сител

Претходна статијаВизер со важно соопштени: Прекина две фрекфентни дестинации од и до Македонија
Следна статијаЧеличниот Путин знае да биде и нежен маж – еве како го честиташе 8 Март (ВИДЕО)