Срам за Германија: Секој петти жител тоне во сиромаштија

0

Во Германија и покрај економскиот подем и рекордно ниската стапка на невработеност, 19 проценти од населението живее на работ на сиромаштија, објави Федералната канцеларија за статистика.

Иако ситуацијата се менува на подобро во споредба со 2016 година, сепак, 15,5 милиони германски граѓани живеат на работ на сиромаштија. Во Германија ова се однесува на оние граѓани кои месечно имаат на располагање помалку од 60 проценти од просечниот месечен приход.

Конкретно, за едночлено домаќинство тоа значи 1096 евра месечно, а за едно четиричлено семејство со две деца 2302 евра. Акутно сиромашни се сметаат многу помал број граѓани, 3,4 проценти. Луѓето кои не се во можност да плаќаат кирија, греење или комунални услуги се сметаат за акутно сиромашни.

Социјалните организации бараат пошироки мерки за борба против сиромаштијата, кои би вклучиле подобро регулирање на пазарот на трудот и намалување на обемот на работни места на одредено време.

Сиромаштијата меѓу младите луѓе во Германија е во пораст, покажуваат најновите истражувања. Причините за зголемувањето на бројот на сиромашните се смета дека се слабиот успех во образованието и професионалните занимања. Образованието е најдобрата заштита против сиромаштија, но еднаквите услови за образование во Германија се далеку од идеални.

Исто така, утврдено е дека одделни делови на Германија имаат повисока стапка на сиромаштија. На пример, во Берлин над 20 отсто од младите луѓе се служат со социјални бенефиции за невработени. Во Баварија, Баден-Вуртенберг и Рајнленд стапката на млади невработени лица е пониска и овие три делови на Германија имаат стапка од 8,9 невработеност, што е пониска од просечната.

,,Сиромаштијата е најчесто проблем кој се наследува од една на друга генерација, од родителите на децата, одговори Симон Рап, Директор на Федералната канцеларија за статистика. Ризикот од станување и останување сиромашни се повеќе се зголемува со мигрантското потекло и недостиг од образование. Да се дозволи ова да се случува во Германија е срамно”.

,,Со цел да се намали сиромаштијата да не стане проблем кој постојано ќе го наследуваме, треба правото на образование да се востоличи со закон”.

Претходна статијаТоше имал свое тајно место каде што бегал од сѐ
Следна статијаМицкоски за Алсат проговори околу писмото на Мијалков