Мицкоски за Алсат проговори околу писмото на Мијалков

0

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека нема намера да одговара на писмото на екс директот на УБК Сашо Мијалков кое тој го објави веднаш по неговото исклучување од партијата.

Мицкоски во интервју за Алсат вели дека тоа се внатрепартиски работи и дека за сите постапки, партијата има докази. За исклучувањата од партијата и серијата оставки деновиве, Мицкоски вели дека станува збор за динамичен процес кој не е ништо ново во партијата и дека ВМРО-ДПМНЕ веќе има искуство со вакви ситуации.

Екс шефот на ДБК кој беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања дека уценувал пратеници да гласаат за поддршка на процесот за промена на уставното име, го обвини Мицкоски дека свесно не го блокира донесувањето на Уставот во Собранието.

Претходна статијаСрам за Германија: Секој петти жител тоне во сиромаштија
Следна статијаФОТО Во реалноста е среќна и заљубена – ова е сопругот на Дениз од серијата на Сител