ФОТО Со кого се забавува Анастасија Ражнатовиќ – Цела вечер му ја пееше на увце „Ти и јас сме совршен пар“

0

Се чини дека го направила вистинскиот чекор, штом цел Балкан полуде по првата песна на Анастасија Ражнатовиќ.

Сите се согласуваат дека Анастасија Ражнатовиќ својот глас, но и изглед го има наследено од својата мајка, Цеца Ражнатовиќ

Но дали ќе успее да ја надмине музичката дива ќе покаже самото време. Во моментов повеќе од очигледно е дека помина одлично со нејзината прва песна со која ги освои критиките и стана хит за кратко време. Таа токму оваа песна му ја пееше и на увце на роденденската прослава на својот пријател, фризерот Стефан Радивојевиќ, со кого често се дружи.

Анастасија на својот Инстаграм многу често објавува заеднички фотографии со него, па така и овој пат објави дел од лудата роденденска забава на која доминираше нејзиниот глас.

Атмосферата е на ниво и тие си поминуваат одлично што можевме да го видиме и од фотографиите, а Анастасија за оваа пригода избра мал црвен кожен фустан и високи црни чизми во кои изгледаше фантастично.

Претходна статијаДраган има ќебапчилница во Белград и е роден брат на Здравко Чолиќ (ФОТО)
Следна статијаЖивее на село, спие на метален кревет – Нурмагамедов ги прими новинарите дома (ВИДЕО)