Бранко Миле паника во скопска кафана: Дечко, ај те молам смени го виново

0

Берта Додевска е една од нашите најпознати водителки, со долгогодишен стаж. Таа ги има интервуирано најголемите ѕвезди од Македонија, од екс Југославија, а и од светот.

Берта го има и прошетано светот, таа е позната по своитре репортажи со кои сите плакнеа очи. А за плакнење очи е и нејзиниот изглед.

Доказ дека годините може да бидат само бројка e познатата водителка, објави Еспресо.мк. Таа и во петтата деценија од својот живот може без никаков проблем да објавува фотографии на кои позира во бикини.

Нејзиниот профил на Инстаграм е вистински празник за очи. Покрај тоа што може да видите фотографии од најразлични краеви на светот, ќе имате можност да ја видите Берта и во најразлични модели на бикини.

Кога велат дека жените се како виното, колку повозрасни, толку позгодни, очигледно мислат на атрактивната водителка… Берта го сподели своето искуство од имунизацијата со вакцината Фајзер.

„Јас и реакција на имунизација. Пред првата доза се’ ми беше по протокол: Вежбав цела недела во теретана за да не одам после вакцинирање неколку дена! Бев и на Водно! Јадев само протеини цела недела (така требало) а дури и пивце одбивав, не па винце.

Легнував 3-4 дена во 23:30 а вечерта пред вакцинирање дури се убедив – мора да се заспие во 23:00. Демек супер одморена, за да немам реакција ..

– И после прва вакцина од истиот момент следните 4-5 дена не можев раката да ја подигнам. Ме уби од болење левото рамо .. до толку што не можев крпа после туширање да држам. Јас денес на втората дозa.

Вчера викам – и онака сите се жалат дека полошо поминале со втората Pfizer,
па удри на весеље. И коа му седнавме во Oeno bar на Кеј – од 17:00 до 22:00. Ред мезе – ред смеење – ред пијачки и пак од почеток..

Сабајле им викам на вакцинирање – терајте втора доза на десно рамо ве молам. барем рамномерно да е. И онака се спремам се’ да откажам за денеs.

И еве ме десетина саати подоцна.. не-за-ста-нав Тотално заборавив дека се ревакцинирав. Десното рамо супер .. едино пред дождот, сега ми текна – левото рамо ме штрекаше уствари на местото на првата вакцина.

Ама го игрнорирав. – ИН АНТИТЕЛА ви траст“, објави Берта.

Берта раскажа една интересна приказна за нејзиниот пријател Бранко Огњановски, познат како Миле Панкика од К-15 и неговиот познат хумор.

Во вински бар на Кеј, заседнати со фино мало друштво .. меѓу кои и другар ми Бране
(Миле Паника). Ми вика: – Не го пиеш виното

Му викам: – Абе топло е.. ова ~ собна температура ~ веројатно мислеле на летна скопска соба у поткровје .. Ама остај сега, од куќата е .. од нивно лозје.. ќе се навредат – Бране (не само вински него..) ВИТЕЗ и инаЧе:

– Дечко дојди ваму. Смени го виново молим те. Температурава му е двособна. Донеси уште една флаша, само да не е трособна

Не утепа од смеење сите до еден. До финесите е. Или што би се рекло:

– It’s best if you can do things with a sense of smart humor and finesse“, напиша таа.

Претходна статијаЌерката на Чола е како манекека, фрчарт коментари за нејзиното згодно тело (ФОТО)
Следна статија(ВИДЕО) „Пази претседниче, могу да пукну хлаче“ – со овие зборови Мате Римац го седна Пендаровски во својот болид