Живее на село, спие на метален кревет – Нурмагамедов ги прими новинарите дома (ВИДЕО)

0

Конор Мекгрегор беше поразен во борбата со Русинот Хабиб Нурмагомедов која се одржа во саботата во Лас Вегас.

Ирецот ќе се обиде да го преболи поразот во својата луксузна вила која ја купи минатото лето. Вилата се наоѓа во близина на Малага, Шпанија. Сместена во луксузниот комплекс “The Heights” вилата е проценета на 17 милиони евра.

За разлика од него, Русинот, односно Дагестанецот Хабиб Нурмагамедов ја прослави најважната победа во кариерата, скромно со најблиските роднини и пријатели. Познати се примерите кога спортисти од сиромашни средини, успеале да се искачат на врвот.

Хабиб се гордее со она што го има. Тој живее во неговото родно село Силда кое се наоѓа на врв на планина. Спие на метален кревет, се дружи со своите соселани, секојдневно плива во ладната река.

Нурмагамедов ги прими новинарите во својот дом и во краткото видео го долови својот живот. Може да се забележи неговата човечка димензија, почитта кон постарите, грижата за децата.

Претходна статијаФОТО Со кого се забавува Анастасија Ражнатовиќ – Цела вечер му ја пееше на увце „Ти и јас сме совршен пар“
Следна статијаСлавче Трпески: Имам право на демант и барам во целост да го објавите, Тунџев срамно ја лаже Македонската јавност