Претседателот Иванов во Париз во друштво на Макрон, Путин, Ердоган и уште осумдесет државници

0

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, Маја Иванова, вчеравечер присуствуваше на свечената вечера, што за учесниците на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна, ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Од Кабинетот на претседателот соопштија дека Иванов на покана на францускиот претседател Макрон, денеска ќе присуствува на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна, што ќе се одржи пред Триумфалната капија во Париз.

На церемонијата е најавено присуство на над 80 шефови на држави, влади и меѓународни организации, меѓу кои американскиот претседател, Доналд Трамп, претседателот на Европката Комисија Жан Клод Јункер, Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рускиот претседател, Владимир Путин, претседателите на Србија, Албанија, Косово, и Бугарија, Александар Вучиќ, Илир Мета, Хашим Тачи и Румен Радев, грчкиот премиер, Алексис Ципрас, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган итн.

Претходна статијаМојот дедо ја спречи: Не, никако, што ќе кажат луѓето
Следна статија(ФОТО)Тамара изненади со признанието: Би го простила неверството…