Собранието ќе чека премиерот Зоран Заев да предложи да се формира парламентарна комисија за национално помилување и помирување. Во координација со спикерот на Собранието, Талат Џафери, координаторите на парламентарните групи генерално се согласиле дека форматот на комисијата треба да се состои од ист број членови на мнозинството и опозицијата. Заев, иако не објаснува што суштински значи национално простување и помирување, гарантира дека немало да се меша во судските постапки.
Лидерот на албанската опозиција, Зијадин Села, поддржува само меѓунационално и меѓуетничко помирување, но за големи прашања, а не за спасување на лица од кривична одговорност. Села коментира дека не ја разбира идејата на премиерот и иронизираше со народна поговорка.
„Еден будала ќе фрли камен в бунар, 100 паметни не можат да го извадат… Секакви зборови.., ова му била целта, она не била… нека излезе премиерот нека разјасни. Ние сме за државно и национално простување и народите и националностите кои живеат тука во Македонија. Такво простување и национален консензус сега во пресрет на членството во НАТО и во ЕУ има значење само во една форма, да се отвори темата за договорот кој треба да се постигне меѓу двете големи заедници во Македонија“, рече Села.
ДУИ ја поддржува идејата на Заев. Пред неколку дена Али Ахмети истакна дека не се согласува со квалификацијата “тероризам” за обвинетите за крвавите настани во Собранието и нагласи дека ВМРО треба да биде помилувана за направената грешка. Пратеникот на ДУИ, Реџаил Исмаили, пак, во емисијата 200 на Алсат, простувањето го опиша како голем акт.
„Со оглед на тоа дека сме на крстопат и оти земјата треба да се интегрира во НАТО и ЕУ, реков и една недела по инцидентот во Собранието, нормално е и големо, човек да прости“, вели Исмаили.
Се предвидува парламентарната комисија да работи на помирување меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а не само за крвавите настани во Собранието минатата година.