(ФОТО) Предлог до Т-Мобиле и ВИП во врска со СМС донациите – граѓаните итно ја бараат оваа мерка

На социјалните мрежи се појави одличен предлог кој Т-мобиле и ВИП би можеле сериозно да го разгледаат и истиот во најбрз можен рок да го реализираат.

-Vip и Telekom MK, кои се пречките да се направи транспарентно донирањето преку вашите броеви? На пример на вашата веб страна да има дел каде ќе видиме до каде се собрани средствата за пациентите. Ова го прашувам бидејќи знаеме дека имало случаи кога се собрало повеќе од потребното за едно лице, а за други ни половина.

И најчесто успеваат оние со повеќе шерови, а не нужно оние со поголема потреба.

Или на пример зошто после она „Ви благодариме за вашата донација“, автоматот не продолжи: „..собрани се 68% од потребната сума“, или пак: „Средствата за лицето Х се целосно собрани.

Дали би сакале да донирате за …. и да бидат предложени 5 лица со висок приоритет и итност.

Loading...