Минатата година беше тешка, не само за вработените во туристичкиот и авионскиот сектор, туку и општо за сите, а особено оние кои живеат во дијаспората.
Покрај тоа што беа во карантин во земјите во кои работат, луѓето не можеа да патуваат во своите родни земји, сè до средината на месец јули минатата година, кога авионскиот сообраќај започна да се враќа на старо.
За среќа, во последните неколку месеци, а по почетокот на масовната имунизација, пандемијата полека се става под контрола и животот се враќа во старата нормала.
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан даде одобрение за дигиталниот пасош за вакцинација, но сертификатот нема скоро да биде достапен за секого. Лекарите и аптеките не се подготвени.
Следниот ден на прес-конференција министерот за здравство Јенс Шпан се радува на опаѓачките бројки на нови инфицирани со корона вирус..
Тоа се должи и на „извонредната инфраструктура за тестирање“ во Германија и на тоа што во меѓувреме 47 % од граѓаните добиле веќе прва доза, вели тој, додавајќи:
„Речиси секој четврт граѓанин е веќе целосно вакциниран, а со дигиталниот сертификат за вакцинација сега имаме и алатка која имунизирањето го прави уште поатрактивно“.
Тест фазата во одбрани центри за вакцинација е успешно завршена, сега ковид пасошот (CovPass) може да биде применуван во цела земја, а од јули и за патувања во ЕУ.
„Целта е овој сертификат за вакцинација да може да биде покажан и во Хелсинки, Амстердам или Мајорка, со што во ЕУ поставуваме стандарди за меѓународен патнички сообраќај.“
Денес пак, радосна вест за многумина нашинци кои сакаат да патуваат во Германија. Германија ја отстрани Северна Македонија , како и другите земји од Западен Балкан, од „црвената листа“ на земји во ризик за патувања поради корона вирусот.
Поради намалување на бројот на нови случаи со коронавирус Македонија и другите земји од Западен Балкан од вчера се тргнати од германската „црвена листа“ за патувања поради коронавирусот, објави Институтот Роберт Кох.
Новите правила за патување ќе важат од утре! Покрај Македонија, од „црвената листа“ во регионот се симнати и Србија, БИХ, Косово и Црна Гора и повеќе не се третираат како ризични земји.