Како луѓето по потекло од Србија и регионот се снаоѓаат во Германија, што им недостасува најмногу, како најдобро да се прилагодат, на овие теми „Дојче веле на српски јазик“ разговараше со Маја Вукманиќ, психотерапевт и психоаналитичарка од Франкфурт.
Маја беше запрашана колку нашите луѓе доживуваат нешто како културен ш ок кога ќе дојдат да работат и да живеат во Германија?
-Тие не се свесни дека тоа е така. Обично велат дека дошле од една топла земја во студена земја. Дека станува збор за шо к, се открва само за време на терапијата.
Само тогаш сфаќаат што навистина им недостасува. Бидејќи таа промена, доаѓа од земја во која луѓето се приврзани едни кон други, со земја, каде што многу работи се различни во меѓучовечките односи, не е лесно да се прилагоди.
-Затоа доаѓаат кај мене помлади луѓе од нашата област, оние кои доаѓаат во последниве години се добро образовани и навистина сакаат да се интегрираат. Тие сакаат да живеат тука, да останат, сакаат да најдат пријатели тука.
-Тие се особено загрижени што не можат брзо да се приклучат на германското општество. Тие сакаат да бидат интернационални. Тие не сакаат да бидат само она од каде што дошле, тие сакаат да се мешаат со други луѓе. Младите доаѓаат претежно веднаш по студиите. Ним им недостасува дружење, како што се практикува долу кај нас. Како да кажам – им недостасува опуштена, спонтана забава.
Тука не е толку раширено тоа. Овде тоа функционира само кога луѓето веќе добро ќе се познаваат. На Германците им се допаѓа исто така, но кај Германците е како работа, структурирана, организирана во разни групи и здруженија, преку спорт, хоби.
Германците не се толку достапни, но тоа не значи дека се ладни. Особено не се ладни само затоа што децата се испраќаат во живот на возраст од 20 години. Тоа е само одреден начин на живот. Нашите луѓе тука немаат заедница.
Морам да кажам дека ова е друга генерација. Не станува збор за класични мигранти, таканаречени гастарбајтери кои дошле тука пред 40-50 години, чисто од сиромаштија, со намера да работат и да заработат пари, а потоа да го продолжат животот од каде што потекнуваат.
Сега многу од нив доживеаале разоч арување, бидејќи не можеа да заработат доволно, затоа што не можеа да си обезбедат понатамошниот живот и егзистенција. И дури тогаш започна нивната интеграција во ова општество.
Дали има нешто што е карактеристично за нашиот народ што може да ги разликува од Германците кои доаѓаат во вашата канцеларија?
Морам да кажам дека луѓе од целиот свет доаѓаат кај мене тука во Франкфурт. Не само Германците и нашите. Нема различни или некои типични проблеми. Нашите луѓе често велат – „знаете што сакам да кажам, знаете како е кај нас…“ Тие само очекуваат повеќе од мене да ги разберам, нешто како емпатија меѓу сонародниците. Значи, тие ми се обраќаат не своојот јазик.
Сепак, им велам дека не знам „како е кај нас“. Малку ги иритира, но ги тера да размислат, дека секогаш станува збор за индивидуа, за личност, за неговите лични проблеми, за нешто што е специфично, а не за нешто што е општо. После тоа, подобро е да влезете во вистински разговор.
Дали германското општество е отворено за странци?
Мислам дека германското општество е отворено да прифаќа нови луѓе и да ја почитува соработката. Но, за да можат луѓето да стапат во контакт едни со други, тие мора да се потрудат.
Значи, треба да се направи обид да се научи јазикот. Никој не мора да зборува совршено, акцентот не е проблем… но мора да се има познавање на овдешниот јаизк.