Била одржана тајна погребна церемонија – потресен статус на Ванеса Брајант

0

Американските медиуми пренесуваат дека минатиот петок, седми февруари, е одржана приватна погребна церемонија за Коби и Џиана Брајант.

Во текстот се наведува дека не е позната големината на настанот, односно колку луѓе присуствувале, но речиси со сигурност се знае дека присуствувала сестрата на Коби Брајант.

Нивните вечни почивалишта че бидат во меморијалниот центар во Калифорнија, во местото каде почива и славниот Холивудски актер Џон Вејн.

Оваа информација се поврзува и со потресниот статус на Инстаграм, на сопругата на Коби Брајант, Ванеса, во кој таа се простува од својот сопруг и својата ќерка:

,,Не се колебам да ги искажам чувствата со зборови. Мојот мозок одбива да прифати дека Коби и Џиџи ги нема. Не можам да ги обработувам двете информации во исто време.

Се обидувам мојот мозок да прифати дека Коби го нема, но моето тело одбива да го прифати мојот фактот дека и мојата Џиџи никогаш нема да се врати дома.

Се чувствувам лошо. Зошто јас треба утре да се разбудам и да го доживеам денот, кога моето бебе, мојата девојка нема да ја има таа можност?! Јас излудувам. Имаше толку многу живот за да живее.

Но во овие моменти сфаќам дека треба да бидам силна и да бидам тука за моите три ќерки. Лута сум што ги нема Коби и Џиџи, но благодарна сум што се покрај мене Наталија, Бјанка и Капри.

Знам дека ова што го чувствувам е нормално. Тоа е дел од процесот на жалење. Само сакав да споделам, во случај некој да има иста загуба како мојата.

Боже, посакувам да беа тука и овој кошмар да не постоеше.

Молејќи се за сите жртви на оваа ужасна трагедија, Го молам Бога, да не помилува сите.

П.П.

Претходна статијаРмбачам овде во Америка и ќе биде претажно за мене ако не можам да одам на свадбата на ќерка ми во Македонија
Следна статијаГордан Калајџиев за законот за ЈО: Тој е нестручен и конфузен – кажано и е на министерката Десковска