Јелена Спенџарска на Инста: Зошто ми љубоморите

За ТВ водителката Јелена Спенџарска, социјалната мрежа Инстаграм не е платформа каде се објавуваат само фотографии, а за неа како да премина во пракса да споделува и се’ она што ќе и помине низ главата.

Нејзината прва објава во Новата 2020 година, како што пишува, е направена пред спиење, момент кога веројатно е најинспирирана да ги сподели своите видувања за себе, луѓето и генерално опкружувањето.

За старт на 2020, таа вели дека некои луѓе едноставно се хранат со љубмора кон другиот и не можат да излезат од „балонот“ на својата завидливост.

-Понекогаш љубомората не е од тоа колку повеќе си материјално богат. Луѓето ти завидуваат како и колку те сакаат другите и како ти покажуваат љубов. Луѓето ти завидуваат како ти се носиш со ситуации во кои тие најверојатно би изгореле.

Тие мислеле дека нешто ќе те скрши, а тебе те направило посилен. Тие не можат да поднесат дека тебе главата постојано ти гордо исправена. Луѓето ти завидуваат на твојата интелигенција и како едноставно правиш работите да се случуваат.

Како лесно ги надминуваш проблемите во кои тие уште се гушат… Пишува Јелена за фотографија на која позира на кејот на Вардар.

Извор: Вистина

Loading...