Го доби најтешкиот шамар: Јелена Карлеуша условена, или развод или пари

0

Јелена Карлеуша веќе нема да може да смета на милионите кои ги заработува нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, бидејќи тој решил да ги секне сите славини после аферата со Огњен Врањеш. Доколку пак дојде до развод, пејачката ќе мора да се бори за имотот и да докажува кој колку од нив заработил!

Тоа практично значи дека ЈК во иднина ќе мора да се потпира само на парите кои сама ќе ги заработи. Според сознанијата на српските медиуми, оваа одлука Тошиќ и ја соопштил пред неколку дена во телефонски разговор, поради што таа буквално полудела.

Сосема е сигурно дека Душко се посоветувал со некого да не испадне наивен, па ќе и дава пари само за потребите на девојчињата, ако веќе реши да остане во брак. Како процесот на разводот би бил долг поради стартелството и поделба на имотот, Душко е свесен дека ЈК е во безизлезна ситуација и дека мора да прифати она што и го нуди. Значи ќе остане во брак со неа, но нема да и дава пари за нејзини потреби. Сега е ред на Јелена да покаже да го прифаќа неговиот ултиматум – рекол добро информиран извор.

Воедно босанскиот фубалер Огњен Врањеш се обидел на сите начини да дојде до Карлеуша. Како што пренесуваат медиумите во регионот, тој потполно полудел кога го гледал нејзиниот настап на МАС.

По настапот побарал помош од заеднички пријател за да ја контактира бидејќи наводно пејачката го блокирала на сите социјални мрежи.

Како што неведуваат, тој наводно и пратил порака на Карлеуша и порачал дека ја сака. Тој по секоја цена сакал да ја раздели од Душко Тошиќ, па поради тоа ги објавил наводните експлицтни фотографии поради кои Јелена се најде во центарот на скандалот.

Кога Врањеш дознал дека нема ништо од разводот, се покајал и пратил порака на Карлеуша.

„Прости ми за се….Жал ми е што ова отиде предалеку. Бев повреден…Во тоа лудило не знаев што да правам. Се каам.Може ли да се видиме“ наводно и пишал Огњен на Карлеуша.

Наводно откако Карлеуша ја прочитала порака побеснала по почнала да вика.

„Одете и двајцата во пи*ка материна и ти што ми пренесуваш за Врањеш“ викала Карлеуша и објаснила дека не ја интеренсира Огњен.

За потсетување, Карлеуша истакна дека тие фотографии се фото монтажа.

Претходна статијаЦеца: Без оглед на мојот музички успех моите родители никогаш нема да ми простат една работа
Следна статијаСо нив љубовта ќе ви биде како пекол: Не влегувајте во врска со овие хороскопски знаци