Жално: „Мамо сакам да умрам, не можам повеќе“ – Роденденска желба на петгодишно дете

0

Потерсна приказна за детенце од Велика Британија кое боледува од тешка кожна болест.

Детенцето страда од егзема уште од својот четврти месец, а неиздржливите болки му го попречуваат нормалниот развој. Мајката, Дана Бисхоб, плачела од тага кога малиот Морган за неговиот 5 роденден и рекол: „Мамо, сакам да умрам, не можам да издржам повеќе“.

Дана разкажува за британски „Mirror“ дека нејзиното синче не можело нормално да се движе, бидејќи кожата на стапалата на нозете и задниот дел од колената му била толку иритирана што детето не можело да си игра со другарчињата.

Малиот Морган не можел ниту да започне со своето образование поради тоа што не можел да го држи моливот, а и често навечер се будел од неиздржлива болка.
Родителите веќе го однеле на третмани, па се надеваат дека ќе има некаков ефект.

Импетигото е многу заразна бактериска болест предизвикана од бактериска инфекција на кожата која може да се јави на секој ден од телото, иако најчесто се јавува на откриените делови на кожата.

Кај децата најчесто се јавува на лицето, особено околу носот и устата, а понекогаш и на рацете и нозете. Инфицираните места се со различна големина, од големина на мала паричка до големина на петденарка, а во почетокот е покриена со ситни меури кои пукаат и откриваат влажна црвена кожа. По неколку дена инфицираното место се покрива со зрнести златножолти красти кои од рабовите се шират натаму.

Во потешките случаи инфекцијата ги зафаќа внатрешните слоеви на кожата и се создава ектима, улцерозен облик на импетиго. Станува збор на мали гнојни чиреви со краста која е многу потемна и подебела отколку кај обичното импетиго. Ектимата може да биде придружена со многу силен јадеж, а чешањето е најбрз начин за ширење на инфекцијата.

Ако не се лекуваат, чиревите можат да предизвикаат трајни оштетувања и менување на бојата на кожата. Најтешката можна компликација од импетигото е гломерулонефритисот, многу сериозна бубрежна болест која се јавува кај еден процент од сите случаи, а најчесто кај децата. Со помош на терапија со антибиотици и со соодветен начин на исхрана повеќето заболени оздравуваат без трајни последици.

Претходна статијаМесец февруари ќе им ја врати старата љубов на два хороскопски знаци
Следна статијаПоранешен вработен во ЕВН си ја отвори душата: Ние им ја плаќаме струјата на жителите на Арачиново