Во Германија сме со маж ми и снајдени сме убаво, бидејќи долго време сме тука. На почетокот, првите 3 години беше тешко. Живеевме во една соба под кирија.
Но потоа кога се вработи маж ми, а после и јас почнавме добро да заработувавме. Мислам на посериозни работни места, не на оние амалските по сендвичари и ресторани.
Е сега, мојава работа бара дежурства и ноќна работа. Работата ноќе е и подобро платена, па така, јас не одбивам, туку напротив и сама барам повеќе ноќни смени.
Игор работи во една фирма каде што прават огради од железо, врати и се што е поврзано со железарија. Тоа е голема компанија со 300-400 вработени. Зборот ми е, сигурна му е и него работата, веќе 7-8 години е таму.
Дечињата си одат на училиште, со еден збор функционираме одлично. Односно, функциониравме! Јас не знам дали маживе ги фаќа втор пубертет, или се работи за неизживеаност. Можда е и второво во прашање, бидејќи со Игор се зедовме многу млади, а заедно сме од 16 години.
Тој као се фалеше дека пред мене имал и други девојки, ама што може да имал на 15 години. Јас искрено и после толку години си го сакам, си го чувствувам како близок, како другар, не само како маж.
Ама Игорче во последните 3-4 месеци забега. Се фатил со некое друштво, некој шлајм од балканскиве простори и почна да оди по кафеани навечер, каде што има српски и босански певаљки.
Тоа се оние разголени дрољи кои врска немаат од пеење, ама се тресат врз масите на гостите по биртии. а биртии тука во Германија има колку сакаш, баш исти такви ко во Србија и МАкедонија, бидејќи тука има многу нашинци.
Без да знам јас, овој мојов почнал да си излегува попладне и навечер. Девојчето ми е 14 години, а машкото 9. Тој се организирал со Марија да се грижи за Јован, а овој мојов си фаќал денска шема после работа, до кај 8-9, зашто сепак децата се мали.
Јас кога ќе се јавев околу 9, тој веќе беше дома. Мада ми падна сомнително неколку пати ми „шмелцаше“ кога зборуваше, ама ни на крај памет дека е напиен.
Ама што останува скриено, ништо. Пријателка на моја пријателка, да ти работела како куварка во биртијава кај што одел овој мојов. Што се ми изнакажа. Се лигавел таму на пејачката, лепел пари, ја влечел у скут да му седи, гад.
Додека јас ринтам во болницава, он си терал кеифови и лепел пари на некоја калаштурка. Го седнав, од почеток не признаваше, после кога му кажав кој го видел немаше каде.
Добро рече, сум бил неколку пати, ама не сум давалч пари. Тие другите околу мене, другарите лепеа, не јас. Лошо видела другарка ти вика.
Е сега батето не знае дека јас можам тука на просјачки стап да го сведам. Дека во овие држави жената е многу заштитена. Ако му побарам развод, има да плаќа алиментација којзнае колку, за мене ќе работи. Да го видам после дали ќе оди по кафани.
Малку ми фали тоа да го направам и ќе го направам. Тој сега нешто се вади, вика нема веќе, ама многу сум повредена. Може и ќе му простам овој пат, ама уште еднаш ако му се случи, си знам јас што ќе правам. Ако сака да глуми фраер, нека си се врати во Марино кај мама и тате и таму нека биде боем.
П.П. Фото: Илустрација
Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама