Нашиот познат фудбалер сликан во екстра скап и луксузен хотел во Црна Гора (ФОТО)

0

Познатиот фудбалер и екс репрезентативец Игор Кралевски, сега е во фудбаллска пензија. Тој во свое интервју за Фокус, говорејќи за својата љубов и професионална определба, фудбалот, рече:




„Фудбалот е моја љубов од кога паметам за себе. Како дете со мојот татко многу често одев на Градскиот стадион да гледаме натпревари и така полека ми се роди желба да тренирам фудбал, но никогаш не мислев дека фудбалот ќе стане дел од мојот живот.




Првите тренинзи како дете ги одработив во ФК Вардар кој и тогаш беше најпосакуван клуб од секој аспект, па од денешна перспектива сум многу среќен што мојот професионален пат го започнав токму во најтрофејниот клуб во кој денес работам како тренер.




Многу години бев професионален фудбалер. Играв во домашни фудбалски клубови, а првиот меѓународен трансфер ми беше од ФК Работнички Скопје во ФК Хајдук во Сплит. Слободбно можам да кажам дека за мене тоа беше огромно фудбалско искуство бидејки Хрватска има силна домашна лига, а за нашиот клуб игравме и многу меѓународни натпревари со силни европски клубови.




Во времето кога играв во Хајдук мои соиграчи беа Нико Крајнчар, Стипе Плетикоса, Стриниќ, Калиниќ и други познати имиња, кои беа пред се мои добри пријатели и на теренот бевме силен и сплотен тим. Со голем дел од нив и ден денес сум во контакт и тоа се пријателства за цел живот, изјави пред неколку години за Фокус, Кралевски.




Игор пред неколку месеци беше особено актуелен во јавноста, по исповедта за Галама, во која упати пораки до јавноста во врска со бизнисменот и добротвор, Трифун Костовски.

Игор Кралевски во таа прилика раскажа интересна анегдота, со која ја откри големината на Трифун Костовски, неговата несебичност и желба да му помогне на секој кој од него побарал некаква услуга или помош.




Иако многумина му викале дека Трифун нема туку-така да се откаже од неговите услуги за Работнички и нема да го пушти во Хајдук, тој му посакал многу среќа и ја исполнил желбата на фудбалерот, кој потоа изгради богата интернационална кариера во Хрватска и Русија.




Инаку Игор Кралевски има три деца. Двата сина тргнаа по негови стапки. Едниот, кој е роден 2007 игра во Хајдук, а другиот син, роден 2009, во Вардар. Ќерката на Игор тренира гимнастика и е балерина.

По завршувањето на неговата активна играчка кариера, Кралевски беше тренер во подмладокот на Вардар:




-Чувството да се работи со млади деца е прекрасно. Уште повеќе, се потсетив кога јас почнував да тренирам фудбал, исто така во ФК Вардар, изјави во една прилика Кралевски за официјалниот сајт на ФК Вардар.




Како што дознава Галама од свои извори, Игор Кралевски во моментов е на одмор во Црна Гора, во луксузен и скап хотел. Како што ни наведоа нашите извори, дневен пансион во ресортот One Only во Порто Нови чини околу 500 евра.




Добивме фотографии како Кралевски со децата се шета низ прекрасното место, но исто така, нашиот извор кажува дека друштво на фудбалерот, освен децата, му прави и преубава блондинка.

Игор Кралевски нема откриено во јавноста дали има нова девојка, но судејќи по нивната близина и заедничкиот одмор, најверојатно е при крај со ергенлукот…

Претходна статијаСо маж ми работиме во Германија, ама тој сака да глуми боем – ќе го вратам во Скопско Марино жими се
Следна статијаСања од „Брза кујна“ искачи скоро 1000 скали да да стаса на најромантичното место на светот со својот Томи (ФОТО)