По последните парламентарни избори во Бугарија, се случи владина криза. Победничката ГЕРБ, на доскорешниот премиер Бојко Борисов не можеше да формира мнозинство, па беше формирана техничка Влада, која организираше нови избори.
Национално репрезентативно истражување на Алфа Рисрч, спроведено на крајот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори во Бугарија, покажува три главни трендови:
Благ пад на излезноста во споредба со редовните избори во април, како резултат на замор и фрустрација од политичката кон фронтација, пишува порталот Во Центар.
Ориентација на гласачите кон главните политички сили со барање ( желба ) за брзо формирање влада. Пет дена пред 11 јули има скоро изедначена трка за првото место со фото финиш во корист на Има таков народ пред ГЕРБ.
Загриженост за машинско гласање, главно кај гласачите над 60 години и во помалите населени места, што може да влијае на од одзивот на гласачите и резултатите за партиите што имаат поширока изборна основа меѓу овие социјални групи.
На крајот на изборната кампања, истражувањето откри зголемена конкуренција за прво место помеѓу ГЕРБ и ИТН.
По падот и повлекувањето во редовите на ГЕРБ, регистрирано на почетокот на кампањата, на крајот има одредена мобилизација. Неколку дена пред изборите, поддршката за ГЕРБ е 21,5 отсто.
Има таков народ го искористи моментумот на неговиот чекор напред на изборите на 4 април и успеа да привлече значителен дел од протестното гласање кај помалите партии, без шанси за парламентарно претставување, како и дел од пошироката периферија на ГЕРБ. Како резултат, таа достигна поддршка од 21,8 отсто, што им дава предност во финишот во однос на ГЕРБ.
Континуираната мобилизација на приврзаниците на ГЕРБ може да го промени овој тренд. Напротив, вклучувањето на повеќе млади, емотивно гласање, како и гласањето од странство, може да обезбеди предност за ИТН, посочува агенцијата.
Партијата на Красимир Каракачанов според оваа последна анкета пред изборите не го поминува цензусот и нема да влезе во Парламентот. Истото се случи и на изборите одржани порано оваа година.
Дали ова ќе биде дефинитивен крај на политичките кариери на Каракачанов и Борисов, останува да видиме во следниот период.
Извор: Во центар