Сите мажи лудуваат по неа, а само на овој македонски пејач му успеа да ѝ се доближи (ФОТО)

0

Гоца Тржан е една од најпопуларните пејачки на Балканот, и поради песните, настапот, но и поради нејзината отвореност. Луѓето ја сакаат затоа пшто е без влакно на јазик.




-Открив некои делови од мојата личност за кои многумина не знаеја дека постојат, но сепак апсолутно не ме познаваат.

Многумина имаат различен впечаток затоа што јас секогаш го кажувам она што го мислам и зборувам за сопственото искуство, не се обидувам да го „солам умот“ или да направам некој да биде тоа што не е или да го прави она што мислам дека е правилно.




Јас ја чувам интимноста и ранливоста исклучиво за луѓето кои заслужуваат да им бидат откриени. Има огромен број на оние кои не го заслужуваат тоа. Луѓето сакаат да ве гаѓаат таму каде што најмногу ве боли, бидејќи на тој начин се чувствуваат подобро во сопствената кожа. Се обидувам да се заштитам од тоа.




Таа зборуваше и својот втор сопруг Раша, од кого е постара, но вели дека години не се пречка за нивната љубов.

– Мислам дека тоа е најголемата болка за тие луѓе, особено што траеме веќе осум години. Патем, ова е мојата најдолга емотивна врска, верувале или не. Ние „кликнавме“ на втората средба.




Во тоа време имаше 23 години и беше навистина млад. Околу една и пол година подоцна, започнавме да живееме заедно. Тогаш Раша имаше дете од пет и пол години, за кое се грижеше многу одговорно, со многу љубов и посветеност. Често велам дека можеби имам повеќе години, но не сум постара од него.




Љубовта е слобода. Кога ќе дозволите некој да биде она што е, без страв и потреба да го промените. Суштината на љубовта е тоа што ја давате без никакво очекување дека ќе ви биде вратена и без страв дека ќе изгубите нешто.

Вие секогаш го привлекувате она што верувате дека ви треба во тој момент. Ми требаше некој што ќе ме сака и ќе ме почитува како што сум.




Потоа се појави Радомир. Кога ќе почнете да верувате дека вредите и ги заслужувате најдобрите работи, тогаш тоа ќе ви се случи“, изјави Гоца за магазинот Хелоу.

Познатата пејачка наполни 47 години и објави неколку сториња со сопругот и со ќерката од првиот брак, Лена како слави, но објави каков подарок добила.




Еден од нашите најдобри пејачи, Огнен Здравковски во Македонија важи и за еден од најпопуларните пејачи. Тој се „вивна“ на естрадното небо, во последната сезона на музичкото шоу „Sвезде Гранда“ беше под менторство на Марија Шерифовиќ.




Здравкоски успеа да стигне до финалето, но не успеа да ја освои победата. Во музичкото шоу тој често добиваше пофалби од жирито, а важеше и за еден од фаворитите.




Огнен е често во Белград, а така беше и деновиве. И додека многу мажи воздивнуваат по Гоца Тржан, тој се сликаше со неа и ја објави сликата токму на нејзиниот роденден.

Претходна статијаОбјавена конечната анкета – еве кој има најголеми шанси за победа на 5 дена пред гласањето во Бугарија
Следна статијаИрена Спасовска каква што не ја знаеме, закопчана до грло, а ечи кафаната (ВИДЕО)