Откако се раздели од Робет Орданоски, поранешниот директор на АЕК, Ангеса Органџиева е една од нашите најпопуларни ифлуенсерки.
Себеси се опишува како среќна мајка на Вивиен и Тифани, двете ќерки без кои не би можела да си го замисли животот.
-Јас како мајка сум доста сериозна и одговорна. Практикувам сè да е по распоред …хранење, капење, спиење, игри, бидејќи за мене секогаш е важен и корисен режимот.
Можам и слободно да се наречам кралица на игрите. Иако на изглед наликувам на поладна личност, вистината е дека за мене моите деца се центарот на универзумот и секоја моја акција ја правам во име на нивната среќа.
Среќата на децата не се постигнува со постојано исполнување на нивните желби, моите деца си имаат свој свет, свои правила и се трудам да им биде магичен.
Секогаш заедно се договараме и заедно работиме на остварување на некоја желба… тие се толку скромни деца што се радуваат на мала ситница и сум горда на тоа што знаат на мала работа да бидат среќни.
Нивната насмевка ми е најважна и нивниот поглед кога знам дека сум ги направила среќни“, изјави таа неодамна за mama.glamur.mk непосредно откако Орданоски изјави дека завршила повеќемесечната сага и се разведуваат.
Агнеса во Женски магазин зборуваше како се негува.
– Дневниот козметички ритуал ми започнува во 06-30 часот наутро. Често после будење сите изгледаме поуморни, но некогаш мора да посветиме повеќе внимание на вечерната нега ако сакаме да блеснеме со својот изглед наутро.
Во вечерниот ритуал вклучувам неколку чекори почнувајќи со ексфолијација, тоа ми е најдобар начин да ги исфрлам мртвите клетки од лицето, потоа нанесувам ноќна крема и серум за лице.
Наутро веќе лицето ми е свежо и нанесувам само дневна крема, шминка која подразбира пудра, сенка за очи, римел, руменило, маскара и розов мат кармин.
Неколку месеци подцна, Агнеса и Роберт си живеат, секој свој живот, а се посветени на своите две ќерки. Агнеса неодамна објави слика како ужива со ќерките на погледот на езерото Козјак, но и едно необично видео, како гали змија- питон.
Една од нејзините објави е слика со мајка ѝ, Гордана, на која се гледа дека таа е убава и негувана дама, а Агнеса многу личи на својата мајка.
Агнеса е и голем верник што покажува нејзиниот последен пост кој е различен од другите. Овде нема шминка, фризура и скапа облека.
Таа замина на поклоничко патување во Црна гора, во манастирот Свети Василије Острошки. Изгледа дека во Острог, молејќи се, таа го пронаоѓа својот мир.