Професорот по Механика од Битола кој речиси секојдневно прави анализи на официјалните ковид бројки, синоќа ја објави својата најнова статистичка анализа и по подолго време е оптимист. Сепак, предупредува да не се направат некои грешки, кои се правеле во минатото:
„16.04.2021. Вакво континуирано намалување на преносливоста, мерено преку ефективниот репродукционен број Rt (на првиот дијаграм) не сме имале уште од претходното ограничување на работното време на кафеаните за време на есенскиот бран.
Ефикасноста на затворањето на кафеаните многу добро се гледа и преку стеснувањето на бранот (при врвот) сега, во однос на есенскиот бран (на вториот дијаграм). Најголема грешка би била доколку сега би ги олабавиле мерките, како што многупати правеле во минатото, започнувајќи од првото ланско олабавување за Рамазан бајрам / Св. Кирил и Методиј..
Единствено што може привремено да ги сопре во таквата намера е големиот број на хоспитализирани, но при првото намалување на бројките, познавајќи им го начинот на размислување, веднаш ќе ги олабават мерките за да продолжат со прокужување на населението и така да го „решат“ проблемот.
Потоа тоа со недели ќе го рекламираат како нивен голем успех, премолчувајќи го фактот дека Македонија, според реалниот број на население од 1,8 милион жители, има трет највисок кумулативен морталитет на светот.
Играјќи на картата на брзо заборавање од страна на населението, се избира патот на краток и висок врв, наместо пролонгирано, повеќемесечно затворање, иако тоа би резултирало со помало натрупување на болниците, поквалитетно лекување и помалку см -ртни случаи.
Инаку, на третиот дијаграм сината линија, која го опишува бројот на хоспитализираните е неприродно отсечена, за разлика од континуирано променливите криви на активните случаи (реалниот и официјалниот број).
Тоа отсекување доаѓа поради заситувањето на болниците, без разлика што не убедуваат дека никогаш не бил проблем бројот на местата. Можеби имало планирани места, но ако биле ставени во функција , бројот на хоспитализирани ќе го следел бројот на активни случаи.
Во нормални времиња, од Нова година до средината на февруари, гледаме дека речиси совршено се поклопувале жолтата и сината линија. Анализирајќи го месечниот билтен на Државнито завод за статистика за јануари 2021, сета одвишна смр -тност е објаснета со упокоени случаи од ковид, што значи дека немало многу упокојување дома.
Колку поголем зазор помеѓу жолтата и сината линија – толку поголема необјаснета одвишна см ртно-ст. Во мартовскиот и априлскиот билтен на ДЗС, коишто ќе бидат објавени на лето, ова сето добро ќе се види.
Ќе се видат и сите наводни успеси во справувањето со епидемијата и наводно доволниот број на болнички постели. Додуша, зазорот (јазот меѓу кривите) пролетва не е толку широк како есента, но не е занемарлив и далеку е од нормален.
Всушност, стратегијата на следење на епидемијата преку проширување на болничките капацитети е однапред изгубена и промашена стратегија – гледаме дека растот може да биде толку брз па да не може да се држи чекор.
Никогаш не може да има штета од обазрив пристап за зауздување на епидемијата, наместо ваквиот високоризичен и безобзирен пристап. Да се потсетиме дека во Скопје цел месец во сите болници биле пополнети сите расположливи места, а зголемување гледавме само во градовите во внатрешноста.
Разочарувачки е колку малку се вреднува човечкиот живот во нашето општество: безобзирна себичност промовирана од самите здравствени власти, на кои како да им била доверена улогата да го кажат и оправдаат она што го мисли моќното бизнис лоби.
На крајот, на четвртиот дијаграм ни преостанува да го видиме дневниот морталитет. На прв поглед, изгледа како да е надминат врвот на смрт -ните случаи (жолтата линија), но мораме да бидеме обазриви затоа што во болниците има се уште прилично хоспитализирани.
Не знаеме дали тоа се должи на пролонгираното лекување или хоспитализирање на тие за кои до вчера немало место (пополнување на споменатиот јаз меѓу броевите на активните и хоспитализираните случаи).
За жал, ИЈЗ не објавува бројки на вкупно хоспитализирани и испишани пациенти до одреден датум, а од бројот на активно хоспитализирани не можеме ниту да пресметаме просечно време на задржување во болниците, ниту пак да правиме дополнителни анализи.