Концерт на триото „Анимато“ во „Даут Пашин Амам“

Во понеделник, на 8 ноември 2021 година, во Националната галерија “Даут Пашин Амам”, со почеток од 19ч, ќе одржи концерт триото “Анимато”.

Концертот е со програмски наслов “Магична ноќ”, според концептот на разновидната програма, која има за цел да допре до сите слушатели и да одговори на нивниот вкус.

Триото “Анимато” е во состав, м-р Светлана Димитриевска – пијано, м-р Даниела Неделковска – флејта, м-р Симона Марочковска – Манојловска – флејта. Сите три се истакнати педагози и уметници во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”.

На програмата се дела од: Доплер, Моцарт, Кулау, Делибе, Бизе, Чајковски, К.Гардел, Пјацола и Виталија Неугасимов, чие дело ќе ја доживее својата праизведба во Р.С.Македонија.

Концертот е поддржан од Министерство за култура.

Претходна статијаЈавноста го памети од „Ѕвездите на Гранд“, а тој сега пее за Магде – младиот Александар Tемелков има нова песна (ВИДЕО)
Следна статијаЛиде, Лиде со порака: Не јас не можам повеќе да седам и копита да гледам (ВИДЕО)