Владимир: Чекам ред во маркет, влага еден дечко и на касиерката и вели нешто што ретко кој го прави

0

Нашиот познат музичар, Владимир Блажев – Панчо од ДНК е познат како човек кој секогаш гласно си го кажува своето мислење за многу ситуации. Освен тоа, тој неретко знае да с вклучи во хуманитарни акции за помош, но и самиот да креира такви ситуации.

Тој минатата година, крена големо внимание во јавноста, по пишувањата за бабичката пред тинексот во Карпош, која продаваше цвеќе. Многумина отидоа и и ги купија сите цвеќиња одеднаш, за бабичката која беше во поодминати години, да не се мачи на временските услови:

“Карпош три, веднаш на паркингот на Тинекс здогледав стара бабичка која седи со главата надоле, а пред неа 2-3 гајби со прекрасно тазе набрани букети цвеќе. Тргнав кон неа и ја поздравив, ја крена главата ме погледна и едвај ме поздрави назад.

Веднаш ја познав, тоа беше баба Ѓурга и просто не ми се веруваше дека сеуште “работи” и покрај староста. Во тој момент, погледот на тие измачени очи, гласот и изгледот на тие збрчкани рацете ме скаменија.

Очи кој кажуваа многу без баба Ѓурѓа да треба да изусти ниту еден збор. Ја запрашав дали е добра, уште колку букети останале и дали ако и ги купам сите ќе си иде веднаш дома за да се одмори од топлово?

Ме гледаше десетина секунди збунето па ми кажа: Земи ги синко ако не ти е скапо ама знам дека тоа се многу пари, Премолчив на тоа, се насмевнав горко и ја замолив да ги изброи и каже колку би ме чинеле сите.

Почна да брои но сфатив дека не може сама па заедно го сторивме тоа, а додека броевме си направивме муабет и почна самата низ солзи да ми раскажува за нејзиниот живот кој рече дека не го посакува на никој.

Плачев и јас но во душата за да не ме гледа баба Ѓурѓа и ја слушав внимателно со грутка во срцето. Кога изброивме и кога и ги дадов парите (1.100денари) ме праша кој сум јас и што работам.

И кажав дека сум никој и ништо, дека немам посебна титула во општеството и дека пробувам да останам ЧОВЕК помеѓу сите луѓе, напиша тогаш Панчо и предизвика емоции кај многумина кои и помогнаа на бабичката.

Минатиот викенд, младите го искористија убавото време за прошетка во Градскикот парк во Скопје, каде што како што објавија многумина на социјалните мрежи, беше преполно и се чекаше ред за купување пијалок.

Панчо објави слика на Фејсбук и напиша:

„Паркче си меле на најјако, а вие затварајте теретани и кафичи со тераси на отворено. Воопшто не ги окривувам луѓето, поготово не младите.

Ваљда не мислевте дека со полициски од 20ч и затварање на локалите луѓето ќе седат по дома на 20+ степени?

Луѓето се веќе збеснати, изморени, осиромашени, деморализирани, разочарани, осиромашени и психички попуштени, и што е најсериозно се осеќаат оставени сами на себе и не веруваат на ниту една вест што е нормално по 100 лажни ветувања.

Едноставно преку глава им е од се што се случува. Ги жалам здравствените работници кои душата им ја извадивте, велам извадивте, бидејќи ниту една мерка не ви донесе плод, а сето тоа паѓа врз нивниот грб не врз вашиот каде бутате бифтеци во фотељите.

Тоа што било ок (а не се десило тоа) било чиста среќа и верувам ќе се сложите со мене дека мерки се превземаат за да не се рашири пандемија и да се спречи благовремено, а не откако ќе земе замав нели. Господ напомош, друго не гледам дека постои кога е во прашање државна заштита.“

Денес Панчо со уште еден статус кој покажува дека сепак, меѓу нас останале луѓе:

„Чекам ред во еден од поголемиве маркети, влага еден дечко, доаѓа до каса и вика на касиерката:

Здраво, прееска бев тука да купам 10 пакетчиња сликички но дома кога стасав видов дека сте ми дале 11, па дојдов да ви платам за тоа вишок што сте ми го дале.

Женичката го погледна со поглед полн изненадување но и восхит истовремено, му се заблагодари многу, наплати и дечкото си замина.

Ете не се сите лоши луѓе, можеби се малку ама ги има и тоа ме прави пресреќен. Замислете дури во пандемија и гужва се вратил бидејќи знае дека женичката на каса дреме за некој минимилаец и башка е изложена на ризик од вирусот заради големата фрекфентност на луѓе.

Многу е лесно да си ЧОВЕК само треба да се сака. Секоја чест за гестот и големо БРАВО.“

Претходна статијаБитолскиот професор Трајковски со оптимистичка прогноза: Вакво подобрување не сме имале одамна
Следна статијаНовото нормално во Германија – еве за каде треба тест „влезница“ за влегување