Даме Чкатроски: Направив мала анализа на постовите на Зоран и Никола и имам едно да кажам – што подалеку од овие двајца

0

Деновите пред Нова година, во јавноста се отворија коментари, по наводите на новинарот Бранко Героски, дека поранешниот лидер на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев, има план да го смени лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Уште повеќе, во наводите се истакнува дека Заев имал договор со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за поделба на власта, по евентуалните предвремени избори, со тоа што победникот на изборите би дал премиер, а Зоран Заев би станал претседател.

Вчера на својот шпрофил на социјалните мрежи, Зоран Заев ги демантираше ваквите наводи.

„Изминативе денови, различни центри (и суетни, и кр им-инални, и комбинации од двете, на кои им се приклучи поранешниот премиер и бегалец од правдата Никола Груевски) ме споменуваат во различни конотации.

Од тоа дека ќе сум правел пуч во СДСМ, до тоа дека ќе сум бил кандидат за Претседател на Република Северна Македонија, со заедничка подршка на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Во повеќе наврати изминатиот период кажав дека немам политички амбиции и би сакал уште еднаш да ги демантирам ваквите инсинуации за мое повторно политичко ангажирање.

Јас нема да поднесам ниту ќе прифатам кандидатура за Претседател на државата.

Како претседател на СДСМ ја обединив партијата. А, обединетиот СДСМ заедно со граѓаните урна режим и тоа баш кога тој режим беше најсилен и најразулавен. Јас никогаш нема ниту да помислам да го делам СДСМ, ниту да правам некаков си измислен пуч во СДСМ или било што слично.

Доказ за тоа е моето осум и пол годишно раководење со партијата како и државните и изборните победи што ги освојуваше обединетиот и сплотен Социјалдемократски сојуз на Македонија, заедно со силното граѓанско општество…“ напиша меѓудругото Заев.

Поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски му одговори со статус:

„Пред малку ми јавија дека Заев нешто објавил на социјалните мрежи каде неколку пати ме спомнал.

Веднаш си помислив дека дал некаков одговор или објаснување за кр ими налот на владата под негово водство со ОКТА, Иловица, Казандол, Фени, клинички Центар, Аеродромот во Штип или нешто друго за кое неодамна пишував.

Се испостави дека ќе морам по втор пат еден мој фб статус да започнам со легендарната мисла на славниот основач на психоанализата Зигмунд Фројд кој вели:

“Првиот знак на глупоста е целосното отсуство на срам”, напиша, меѓудругото Груевски.

Политичкиот аналитичар од Прилеп, Даме Чкатроски, како што рече, по анализата на последните десет статуси на Никола и Зоран, го донесе следниот заклучок:

„Ако човек направи мала анализа на последните 10 поста на Груевски и на Заев..Нема да кажам што, само едно-На страна од овие што подалеку, мирен живот и добри мисли.

Чутете читам.Грујо му одговори на Зоки .Зоки нападна феноменално ,Грујо му врати бриљантно..ЈОЈ ДВАЈЦАВА ..Теткици!“

Претходна статијаЦеца снимена во својата куќа со непознат маж: Падна и првиот бакнеж во 2023 година! ФОТО
Следна статијаВиолета Томовска по подолго време се појави во јавноста и ги расплакала сите (ФОТО)