Ова е планот како Европа ќе се ,,отвора” по Корона – ќе се почека за масовни собири

0

Европската унија очигледно веќе има јасна идеја како ќе изгледа враќањето во нормалниот живот по кризата предизвикана од епидемијата на КОВИД-19. Според германски „Велт“, Европската комисија предложи прекинување на итните мерки против ширењето на новиот коронавирус, со подолги интервали помеѓу фазите.

Комесарите првично имаа намера да го усвојат планот во среда, по што требаше претседателот на комисијата Урсула фон дер Лајен да го објави. Сепак, на инсистирање на членовите, планот ќе биде објавен по католичкиот Велигден овој викенд, а од владите на членките е побарано да утврдат распоред за ублажување на мерките во Европа, пренесува „Билд“.

Локално ублажување на мерки: Земјите-членки прво ќе ги укинат мерките на локално ниво, а потоа ќе го прошират и ублажувањето према другите земји, според необјавената „Стратегија за укинување на ограничувањата“, на која се повикува „Велт“.

Постепено ублажување: Некои мерки постепено ќе се повлекуваат, оставајќи доволно време помеѓу двата чекори. Индикативниот период помеѓу две фази е еден месец.

Заштитните мерки кои се однесуваат на постарите лица остануваат на сила: Во принцип, ограничувањата ќе се фокусираат на помалите групи на луѓе. Така, мерките ќе бидат проширени на „најранливите групи, како што се старите лица“.

Без големи групи на луѓе: Забраната за собирање голем број луѓе постепено ќе се олеснува. Првично, ќе има ограничен број на луѓе кои можат да бидат во продавницата во исто време, а во училиштата децата ќе седат раздвоени еден од друг, така што одделенијата ќе бидат помали.

Баровите, рестораните и културните институции (кина, театри) ќе се отворат постепено. Како што се наведува во документот, „забраната за масовни собири, како што се фестивалите, ќе биде укината подоцна“.

Договор на ниво на ЕУ: Еден од важните услови е координираната акција на членките. „Временските рокови и модалитетите на стратегијата може да варираат од земја до земја, но има потреба од заеднички пристап и заедничка рамка“, се вели во документот.

Прво важните работни места: „Не мора секој да се врати на работа во исто време“, пишуваат експерти на Европската комисија, кои препорачуваат да се постават приоритети според важноста на индустријата, како и дали одреден вид на активности може лесно да се вршат од дома.

Извор: Локално

Претходна статија(ВИДЕО) Најавите на Мими се остварија: Жената која уште минатата година кажа дека избори денес нема да има
Следна статијаЦветановски: Eх, драги пријатели, да ви се пофалам дека сум успејал во животот – Тито Црничанец ме критикувал