Инфектолот Марковски, професор на медицинскиот факултет при универзитетот Гоце Делчев во Штип , поранешен директор на инфективната клиника во Скопје, смета дека граѓаните не треба да носат ракавици ниту маски.
„Ракавиците, кого штитат и зошто штитат? Овие респираторни вируси не даваат проливи, не требаше да дојде корона за да миеме раце. Миењето раце е доволно после излегувањето надвор.
Да се олабават мерките и граѓаните послободно да живеат за да се навикнеме на болеста па и да стекнеме колективен имунитет, вели инфектологот професор Вело Марковски во синоќешното гостување на ТВ 24.
Според него, сега треба да не сме заложници на овој вирус, да живееме нормално.
„Кога завршува една епидемија со грип или со некоја друга респираторна инфекција? Кога ќе имаме доволно популација која ќе има антитела, која го прележала.
Значи, кога ќе почнат да се судираат новоинфицирани кога ќе треба да го пренесат причинителот на друг, тој веќе е отпорен или не му го зема и тогаш таа епидемија завршува.
Сега може да се најдеме во состојба предолго да седиме, та дури и тие што го прележале да ги изгубат тие заштитни имуноглобулини и евентуално наесен повторно ни се врати вирусот и да биде повирулентен и да има пошироки размери, вели Марковски.
Ракавици не треба да се носат, зашто од многу миење раце може да се уништи нормалната флора па да можете да имате бактериски инфекции. Маските треба да се носат. Тоа треба да се практикува и кога немаме вакви ситуации. Ако некој не се чувствува добро треба да носи маска, така ги штити другите, вели Марковски.
Вели дека дури и вакцината можеби не е решение повеќе стекнувањето колективен имунитет. Марковски смета дека вирусот не може да стои на зеленчук и на овошје и дека за да се пренесе треба да има повеќе услови.
Потсетување пред извесен период на ТВ Алфа, познатиот македонски вирусолог Доктор Вело Марковски – инфектолог , професор на медицинскиот факултет при универзитетот Гоце Делчев во Штип , поранешен директор на инфективната клиника во Скопје, даде многу интересна анализа за корон авирусот, за начинот на кој се пренесува и опасностите кои ни ги носи.
Тој тврди дека лекарите прават грешка во пристапот на заболените од корона вирус, а како доказ ги споменува Кина и Италија, каде како што вели респираторите повеќе згасиле, него што спасиле животи.