Заразен и медицински персонал од Корона во главната болница каде што се лечат од овој вирус

0

Министерството за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција ги соопшти новите моменти поврзани за корона вирусот.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје-13, Куманово-23, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 430 лица.

Нови 11 задравствени работници се зарзиле со крона-вирусот. Позитивни на Ковит 19 се инфектолог и мецицинска сестра од истиот оддел. Вирусот е потврден и кај три докторки од хирургија, тројца од Рендген и медицинска сестра на неонатологија.

Две од доркторките на хиругија биле на патување во Холандија, но по враќањето веднаш се ставени во карантин. Не биле во контакт со пацинети. И третата докторка одод хирургија не одела на работа, бидејќи корона-вирусот во меѓувреме бил потврден кај членови на нејзиното семсјтво.

Тројцата од Рендген пак се зарзиле во контакт со пацинети. Иако имале доволно опрема за безбедна работа, не ја користеле во текот на целото работно време.

Меѓу новите денешни 46 случаи на заразени има и еден вработен на Инфективната клиника во Скопје, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Станува збор за еден медицински техничар кој има клиничка слика на воспаление на белите дробови.

Направена е епидемиолошка анкета за неговите контакти со семејството, но и меѓу вработени, па согласно тоа ќе се реорганизира и работата на одделението.

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома. На клиниката починаа двајца пациенти, од кои едниот сеуште не потврдено со тест дека бил заразен со Ковид-19.

Овој пациент бил на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, се чека резултатот од тестот. Другиот е пациент со Ковид-19 на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија

Претходна статијаМакедонскиот инфектолог кој го разбранува регионот со своите ставови најави кога би можело да заврши епидемијата
Следна статијаИталија веќе почна да чувствува колку и беа вредни работниците од Македонија