Вучиќ не му ја мислеше многу – во Србија прогласена вонредна состојба: ,,Добредојдени се само Кинезите”

0

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, синоќа на прес конференција ја објави одлуката дека на „цела територија на Република Србија се прогласува вонредна состојба”, како мерка во борбата против коронавирусот.

„Во Србија денеска имаме вкупно 48 заразени лица. Немаме см ртни случаи, но нема сомнеж дека во наредните денови ќе се соочиме и со тоа”, изјави Вучиќ.

Во битката за постарите лица, како што рече Вучиќ, ќе бидат преземени најтешки мерки, а лицата постари од 65 години мора да останат во своите домови. Тој најави дека во наредните три дена полицијата ќе проверува колку мерката се почитува.

„Доколку мораме, во рок од 72 часа, ако прекршувањето е повеќе од 0,1 или 0,2 отсто, ќе се донесе обврзувачка одлука сите стари лица да останат во своите домови и нивните дворови доколку се во рурални области”, најави Вучиќ, и додаде дека сите оние кои не ја почитуваат наредбата за изолација, ќе се соочат со казна до три години за твор.

Тој упати апел до граѓаните без потреба да не купуваат прехранбени и санитарни производи, бидејќи Србија ги има сите потребни намирници.

Вучиќ кажа и дека денеска испратил писмо до претседателот на Кина, кого го нарече „брат и пријател на Србија, гарантирајќи му челично пријателство” во кое побарал „сè од Кина”, па дури и доктори.

Тој информираше дека Србија купила пет милиони маски од Кина, за да може да ги премости 10-те дена, кои ќе дојдат за еден ден, и дека Србија ќе испрати авион за тоа.

„Србија ќе ги воведе сите ограничувања, не можеме да им забраниме на српските граѓани, сите што ќе влезат од која било земја на светот ќе бидат ставени во карантин 14 дена, а оние кои доаѓаат од жариштата ќе бидат ставени во карантин 28 дена, без оглед дали имаат симптоми или не.

Ова го правиме за да ја спасиме нашата земја”, изјави Вучиќ и им порача на странците да не доаѓаат во Србија „освен Кинезите кои се повикани за помош”.

Претходна статијаЈоци: Голема е веројатноста да се свика парламентот и ВМРО да добие мандат за состав на нова влада
Следна статијаДоцна синоќа се обрати Спасовски: Пријавете доколку забележите собрана поголема група луѓе