Тука нема Корона: Лукашенко им порача на граѓаните да пијат вотка (ВИДЕО)

0

Белоруската лига е единствената европска лига во која сѐ уште се игра фудбал, а викендов беше одиграно второто коло. Белорусија во моментов има помалку од 100 случаи на заразени со вирусот ковид-19, а мртви засега нема во државата со 9,5 милиони жители.

Повеќето европски земји се во карантин, но белорускиот претседател Александар Лукашенко не е загрижен. Тој дури на граѓаните им предложи да пијат вотка за да се борат против болеста.

„Апсолутна глупост е да се затворат државните граници. Паниката може да ни наштети повеќе од самиот вирус“, кажа Лукашенко.

Тој предложи наместо паника неговите граѓани да пијат вотка, два пати неделно да одат во сауна и да продолжат да работат на своите фарми бидејќи „тракторот може сѐ да излечи“.

„Подобро е да се умре стоејќи отколку да се живее на колена“, изјави тој вчера за локална телевизија по хокеарски натпревар. „Тука не авируси. Не ги гледам“, кажа Лукашенко. Во Белорусија досега се забележани 94 случаи на зараза со коронавирусот.

Претходна статијаНиту корона не ги спречи – Ана и дечкото се венчаа среде град (ФОТО)
Следна статијаВака Шведска се справува со Корона вирус