Вака Шведска се справува со Корона вирус

0

Шведската влада не воведе сурови забрани или казни како другите земји, бидејќи смета дека граѓаните ќе бидат одговорни и дисциплинирани, ќе ги почитуваат препораките за оддалеченост од другите, или ќе останат дома ако не се добро, што навистина го прават.

Улиците на Стокхолм се тивки, но не напуштени. Луѓето сè уште седат во кафеаните во центарот на градот, а трговците сè уште продаваат цвеќиња. Тинејџерите сè уште разговараат во групи во парковите. Некои сè уште се гушкаат и се ракуваат при средбата.

По долгата и темна скандинавска зима, пандемијата на коронавирусот не ги задржа Швеѓаните во своите домови, иако граѓаните во многу делови на светот не ги напуштаат своите домови и, како по правило, не можат да најдат отворени ресторани или продавници во времето на денот кога им е дозволено да се движат.

Шведските власти ги советуваат граѓаните да ја применат таканаречената социјална дистанца, односно да избегнуваат физички контакт со луѓето и да работат од дома доколку е можно.

На постарите од 70 години им се советува дека треба да се изолираат во нивните домови. Споредено со карантините и мерките за движење воведени во многу земји, одговорот на шведската влада на пандемијата им остава на граѓаните значителна слобода.

Во Шведска е забрането да се собираат пред шанкови во баровите, но дозволено е да седи на маси во кафулиња и ресторани, додека во други земји на гостите не им е дозволено да седат на места, освен да земат нарачана храна.

Средните училишта и универзитетите се затворени во Шведска, но предучилишните и основните училишта продолжуваат да работат како и обично.

Поранешниот главен епидемиолог на Шведска, Јохан Гисеке, сега консултант во Шведската здравствена агенција, рече дека „Шведска е барем исклучок на европската сцена“ и додаде дека „смета дека тоа е добро“.

Тој изјави дека другите европски земји „направиле политички потези“ наместо оние што ги диктира науката.

Премиерот Стивен Левен во петокот предупреди дека „претстојат„ многу тешки недели и месеци „и дека ќе има забрана за собир на повеќе од 50 лица, наместо 500, како досега“.

Од друга страна, за да се намали ширењето на вирусот, Германија и Велика Британија забранија повеќе од две лица да се соберат, со исклучок на оние кои живеат заедно.

Италија и Франција постепено воведоа поостри ограничувања на јавната активност, на крајот наметнувајќи казни, затоа што, според надлежните, премногу луѓе ги игнорирале препораките за физичкото растојание од другите луѓе.

Сепак, некои научници го критикуваа пристапот на Шведската здравствена агенција како неодговорен, во време кога пандемијата на вирусот однесе повеќе од 22.000 животи во Европа и повеќе од 32.000 во светот.

Целиот текст прочитајте го на Локално

Претходна статијаТука нема Корона: Лукашенко им порача на граѓаните да пијат вотка (ВИДЕО)
Следна статијаЛатас: Европската унија е во распад – ако преживее, ќе се сведе на 12-те богати држави