Доцна синоќа по Американско време, со обраќање до нацијата од овалната соба, претседателот Доналд Трамп соопшти дека САД ќе ги суспендираат сите летови од Европа за Соединетите Американски Држави на 30 дена со цел во да се спречи ширењето на пандемијата со коронавирусот во светот.
Одредбата ги опфаќа сите европски земји, освен Велика Британија, а не важи за американските граѓани и оние со постојан престој во САД.
Трамп не прецизираше кои земји се вклучени во рестрикцијата, но во соопштението објавено потоа се наведува дека станува збор за 26 земји од шенген-зоната. Тој оцени дека во Европа имало многу случаи на ковид-19, бидејќи владите не презеле мерки какви што презема Вашингтон.
Одвоено Стејт департментот им препорача на Американците да не патуваат во странство. Во САД досега има околу 1.200 заразени со вирусот, додека 37 поч инале.
„Европската Унија не успеа да воведе такви мерки на претпазливост (како САД) и да забрани патувања од Кина и другите жешки точки“, изјави Трамп.
Наспроти ова, денес дојдоа силни реакции од официјалните европски власти, но и од Велика Британија, иако оваа земја е изземена од оние кои не смеат да патувања.
Првите луѓе на Европската унија, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел изразија несогласување со одлуката на американската администрација да ги забрани летовите кон и од земјите на ЕУ во наредните триесет дена поради коронавирусот.
„Коронавирусот е глобална криза, не е лимитиран на еден континент и бара соработка наместо еднострано делување. ЕУ не се согласува со фактот што САД одлучи да забрани патувања еднострано и без консултации“, кусо соопштија кабинетите на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.
Британскиот министер за финансии Риши Сунак денеска ја критукуваше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го забрани доаѓањето на Европејците во САД во борбата против новиот коронавирус, оценувајќи дека ефикасноста на таквата мерка, која не ја опфаќа Велика Британија, не е „докажана“.
Не мислиме дека тоа треба да го прави, доказите не го потврдуваат тоа, рече Сунак за Би-Би-Си. Тој кажа дека Велика Британија нема намера да воведе таква забрана за патниците од земјите на ЕУ.
Сунак кажа дека Велика Британија се обидува да го запре ширењето на коронавирусот, истовремено увидувајќи дека сега е веројатно дека тој значајно ќе се прошири.
Забраната за влез во САД на патници од 26 земји на Шенген зоната стапува во сила во петок на полноќ по американско време и не се однесува на Велика Британија. Таа се однесува на сите лица кои престојувале во таа зона во последните 14 дена пред доаѓањето на САД, со исклучок на Американците и лицата со постојан престој во САД.
Сепак, ова последното е нешто што ги интересира многу Македонци кои живает во САД, а во моментов се во МАкедонија или некоја друга Европска земја. Имено, во САД, освен Американските државјани, ќе можат да влегуваат и лицата со ,,грин карта”, а такви од МАкедонија има многу.
Нема да можат да влегуваат само оние кои имаат регуларни туристички, или работни визи. За излез од државата, нема никакви ограничувања.