Планот на Европа е бегалците да бидат задржани во западен Балкан ако ја пробијат грчката граница

0

По одлуката на Турција да ги отвори своите граници, се чини се повторува сликата од 2015 година, кога илјадници бегалци се движеа кон западно европските земји, поминувајќи и низ нашата држава.

Илјадници мигранти и натаму се заглавени во тампон-зоната на грчко турската граница, откако Анкара им дозволи на мигрантите и на бегалците да стигнат до Европа. Грчката полиција спречила 7 илјади мигранти да влезат на нејзина територија, а уапсила 24 лица од Авганистан и Пакистан.

Сите оние кои нелегално влегле во Грција и немаат профил на бегалци, ќе бидат сместени во касарна во близина на Серес, за веднаш да се депортираат во земјата на нивното потекло. Ова е планот на грчката влада и според министерот за миграција и азил, од 1 март, во рок од еден месец никој да не може да достави барање за азил.

„Во прашање се денови за почеток на работата на затворениот центар во касарната Василиади во Серес, каде што ќе бидат пренесени оние што влегоа од 1 март 2020. Од тогаш постои суспензијата на азил со законскиот акт на владата.

Сметаме дека овие лице влегоа нелегално во земјата, помогнати од соседот и не одговараат на бегалскиот профил на индивидуален обид да побегнат од опасност“. – Нотис Митаракис – министер за миграција и азил на Грција.

Официјална Атина вели дека колку Турција и да го интензивира притисокот на копнената и морска граница, ќе се спречува нелегален влез на мигранти и бегалци во земјата. Турција распореди 1.000 специјалци na границата со Грција во обид да го спречи враќањето на мигрантите кон нејзината територија.

Портпарол на турскиот претседател Ердоган изјави дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, не дал никавата конкредна понуда на состанокот на кој разговарале за прашањето на мигрантите кои во голем број се обидуваат да влезат во Грција и Бугарија. Од ЕУ велат дека ќе продолжат да разговараат со официјална Анкара за да се изнајде решение.

„Не сакаме на мигрантите да им се даваат лажни ветувања, сакаме мирен дијалог со Турција за причините за бегалската криза и да ја нормализираме состојбата на границата, ова е пораката на ЕУ“. – Ерик Мамер – портпарол на ЕК.

Европската унија тесно ќе соработува и со земјите од западен Балкан во управувањето со мигрантските текови, велат од Брисел. Германскиот Бундестаг со големо мнозинство го отфрли барањето на Зелените за прифаќање 5.000 бегалци од грчките острови.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, истакна дека постои тројна безбедносна мрежа за да не се повтори мигрантската криза од 2015 година, која предвидува мигрантите да бидат запрени на Западен Балкан доколку ја пробијат грчката граница.

Словенија и Хрватска испраќаат полицајци во Грција, а Албанија, пак, се подготвува на најдобар начин да се справи со евентуален бран мигранти од Сирија, ќе формира прифатни центри за 30 илјади мигранти.

Извор: 24.mk

Претходна статијаНигериецот Џими кој 20 години живее кај нас вели вака: ,,Ние Македонците треба да ја чуваме оваа Македонија”
Следна статијаМакедонците во САД и Канада ќе имаат добра забава за Велигден: Пристига нашата позната пејачка