Пациентите завршуваат како риба на суво: Порака од медицински техничар од БиХ кој работи во Италија

0

Операционите сали се затворени, сите програми се стопирани и сите одделенија претворени во интензивна нега.

Жељко Стојковиќ, медицински техничар од БиХ кој работи во Италија, испрати предупредување преку социјалната мрежа Фејсбук, за тоа со каков вирус се соочува светот.

Тој наведува дека ситуацијата е многу сериозна и дека нема место за шегување.

-Не излегувајте по кафулиња, немојте да се дружите. Доколку децата се заразат ќе станат преносители, но најзагрозени во оваа ситуација се вашите баби и дедовци – напоменува Стојковиќ.

Жељко апелира до сите луѓе на хаотичната состојба во Италија и посебно му порачува на српското население да ги преземе сите неопходни превентивни мерки со цел да се спречи допир со корона вирусот. Оние кои дефинитивно се најзагрозени, се постарите лица.

-Оваа седмица ќе биде најлоша, бидејќи вирусот сè уште го нема достигнато својот врв. Не се шегувајте и почитувајте сè што ви велат надлежните служби – раскажува Стојковиќ и додава:

-Моментната состојба е полоша и од војна… секој ден имаме по тристотини нови фатални случаи. Имате непријател кој не го гледате, не го слушате и не го чувствувате – наведува Стојковиќ, ставајќи акцент на сериозноста на ситуацијата.

Жељко при своето излагање, јасно даде до знаење кои се основните мерки на заштита, а посебно го нагласува миењето на рацете. Операционите сали се затворени, сите програми се стопирани и сите одделенија се претворени во интензивна нега.

-Дури ни респираторите не помагаат, бидејќи вирусот прави “таква” фиброза на белодробните крила, што сè уште не може да се објасни како доаѓа до тоа, а пациентите ни ум ираат како риби на суво. Водете сметка, мијте ги рацете и сфатете го ова сериозно – предупредува Стојковиќ.

Начинот за пренесување се врши по пат на капковна инфекција, а властите бараат правилна примена на заштитните маски.

Инаку, во сите италијански здравствени институции постои застој, освен во одредени медицински сектори каде работат посебни деноноќни лекарски екипи, адекватно опремени за случаите со корона вирус.

Poruka medicinskog tehnicara iz Lombardije za BiH…

Публикувахте от Lejla Kovač Skenderagić в Сряда, 18 март 2020 г.

И.П.

Претходна статијаСпасовски – Десковска: Почитувајте ги мерките за да нема потреба од нови кои би ви ги ограничиле правата
Следна статијаВака коронавирусот се развива по денови, а седмиот ден е пресуден