Спасовски – Десковска: Почитувајте ги мерките за да нема потреба од нови кои би ви ги ограничиле правата

0

Вонредната состојба засега нема да го ограничи движењето на граѓаните. Од владата појаснуваат дека прогласувањето вонредна состојба не значи дека ќе замре секојдневниот живот на граѓаните или прекин на јавниот транспорт.Марктетите остануваат отворени, ќе работат аптеките и болниците.

Според техничкиот премиер Спасовски, не се загрозени државните резерви, а залихи во маркетите имало за осум месеци.

„Одлуките што ги носиме за справување со оваа кризна состојба се во насока колку што е можно помалку да им наштети и на економијата и на стопанството. Економските мерки што ги носиме имаат за цел да обезбедат одржливост на работата на компаниите и максимална заложба да се сочуваат работните места на граѓаните и нивниот животен стандард.

Со овластувањата што сега ги има владата ваквите вонредни политики во вонредна состојба ќе може полесно да се донесуваат се разбира тоа ќе го правиме во постојана комуникација со стопанските комори и со синдикалните организации“, вели Оливер Спасовски, технички премиер.

Од Министерството за правда велат дека најверојатно првите мерки кои ќе ги донесе владата по прогласување на вонредната состојба ќе се однесуваат на здравствената заштита и помош на стопанството. Дескоска најави дека веќе се подготвуваат измени во законот за облигациони односи.

Владата не ја исклучува можноста за ограничување на движењето на луѓето ако се утврди непочитување на мерките за заштита од корона вирусот. Сепак велат дека одлуката нема да биде дискриминаторска по пол, имотна состојба или националност.

,,Колку повеќе ги почитуваме воспоставените мерки, со кои успешно би ја пребродиле кризата, толку ќе се намали потребата за воведување нови, поригорозни мерки, кои би ги ограничиле правата на граѓаните”, нагласи во видео пораката министерката за правда Рената Десковска.

Носиме одлуки во интерес на граѓаните

Ние како Влада ги преземаме и спроведуваме сите мерки за превенција и заштита на здравјето на граѓаните на нашата држава. Одлуките што ги носиме за справување со оваа кризна состојба се во насока колку што е можно помалку да им наштети на економијата и стопанството.Самото прогласување на вонредна состојба не значи автоматска промена или ограничување на човековите права или начинот на живот на граѓаните. Не значи забрана на движење, ниту полициски час, не значи затворање на продавници. Ве уверувам дека Владата не отстапува ниту една педа од посветеноста да работи во интерес на граѓаните, за интересот на нашите деца, на нивното здравје, на иднината на оваа држава.

Публикувахте от Oliver Spasovski в Четвъртък, 19 март 2020 г.

Претходна статијаКорона се шири во Македонија, по Скопје и Дебар се појави во уште два наши града
Следна статијаПациентите завршуваат како риба на суво: Порака од медицински техничар од БиХ кој работи во Италија