Ердоган неколку месеци живеел во Македонија – Мендух Тачи откри во кој град

0

Реџеп Таип Ердоган е еден од најпопуларните странски државници кај нас. За тоа можеби придонесе неговото блиско пријателство со поранешниот Македонски претседател Ѓорге Иванов, кому Ердоган, му правеше посебна чест.

Од друга страна, Турското малцинство во Македонија е огромно, а и многу наши луѓе живеат и работат во Турција.

Реџеп Таип Ердоган, за градоначалник на Истанбул бил избран на локалните избори од 27 март 1994 година. Подоцна, тој бил одусен на казна затвор поради потикнување на верска омраза.

По ова, тој ја основал Партијата за правда и развој. Партијата, по само една година од своето основање, во 2002 година забележала победа на парламентарните избори. Во почетокот, Ердоган не бил премиер, туку на таа функција стапил на 14 март 2003 година.

Како премиер, Ердоган спровел бројни реформи. По 45 години, преговорите за пристапување на Турција во ЕУ биле отворени за време на неговиот мандат.

Паралелно со ова, инфлацијата, која со децении имала негативно влијание врз економијата на земјата, била донесена под контрола и на турската лира и биле отстранети шест нули. Каматните стапки на јавниот долг биле намалени, а доходот по жител на Турција значително пораснал. Неговата партија победила на изборите од 2007 година.

Ердоган, исто така бил цел на многу критики, во прв ред поврзани со нарушувањето на секуларнииот карактер на државата.

Таип Ердоган, пред повеќе од две децении беше осуден за поттикнување религиозна и расна омраза и насилство. Судот му одредил затвор 10 месеци, но ЕрдоЕган, тогашен градоначалник на Истанбул, отслужи само четири месеци затвор, од 24 март до 27 јули 1999 година.

По ослободувањето од затвор, поранешниот градоначалник на најголемиот турски град, кој после стана премиер на земјата, пред биде избран за претседател, живеел три месеци во Македонија.

Ердоган, кој денес ја држи функцијата лидер на Партијата за Правда и Развој покрај функцијата претседател на Турција, мал дел од неговиот живот го помина во Тетово.

Ова информација за турскиот претседател ја сподели лидерот на ДПА Мендух Тачи на косовската телевизија Т7.

Претходна статијаВтор случај на Корона во Берген, Њу Џерси каде живеат многу Македонци
Следна статијаАтиеџе откри дали сака да се мажи, но и каде по првпат во животот ќе слави 8-ми март