Атиеџе откри дали сака да се мажи, но и каде по првпат во животот ќе слави 8-ми март

0

Главниот лик од „Медена земја“ Атиџе Муратова по обврските во Холивуд се врати на секојдневниот живот во селото Дорфулија. Атиџе како што истакна сега се подготвува за прв пат во нејзиниот живот во ресторан да го прослави Денот на жената, заедно со внуката и со снаа и.

-Тоа е ден кога жените и мајките треба да се радуваат. Јас досега не сум го славела „8 Март“, сега прв пат ќе одам во ресторан. Понекогаш сум добивала подароци. Блиските ќе ми донесат цвеке и убаво е чувството. А јас не сум имала можност на мајка ми да и купувам подароци.

Само еднаш и купив црвено цвеќе и таа многу се израдува. Се радуваше и таа а искрено се радував и јас заради неа. Да можев да и купувам повеќе подароци додека беше жива ќе и купував ама не можев, ми требаа пари за лекарства. Откако ме касна кучето на комшиите животот ми се смени и сите пари ги давав по болници и лекови, вели Атиџе.

Кога станува збор за љубовта и за мажењето Атиџе вели дека за неа веќе е доцна за брак.

-Кога бев млада бев напредна и убава. Уште на 14 години ме бараа момчиња. Дојде едно момче тогаш да ме бара за жена, но не ме дадоа моите бидејќи бев многу мала. Потоа пораснав, имав додворувачи, но се грижев за родителите. Потоа ме касна кучето, ме унакажи.

Ми го упропасти животот и немав многу додворувачи. Јас со години имав сериозни проблеми со здравјето и не можев да мислам за љубов и за мажење. А сега веќе во овие години и не сакам да се мажам. Искрено не сакам да се мажам само да бидам нечија слугинка. А децата ги сакам, многу ги сакам.

Но, тоа ми било судбината. Кучето ми го однесе и здравјето и вољата за љубов и за се. Тоа беше мое премрежје, бидејќи за еден час можев да умрам. Врескав, плачев и никој немаше да ми помогне, но Господ ме спаси за да можам повторно да функционирам.

Немам завршено основно училиште, но учевме дома на турски јазик со татко ми. Со него бевме особено блиски. И со мајка ми, ама со татко ми повеќе, вели Атиџе

Во живо е уште помедена. Атиџе Муратова е топла како тазе извадено бабино лепче, мудра каква што само луѓето што се во допир со природата можат да бидат. Атиџе ги сака луѓето, срдечна е, непосредна, забележува детали и е отворена да зборува за себе. Со неа се сретнавме пред десетина дена. Вели дека воопшто не ѝ пречи што новинарите ја бараат и дека ѝ годи вниманието

Претходна статијаЕрдоган неколку месеци живеел во Македонија – Мендух Тачи откри во кој град
Следна статијаСите знаеме дека оваа е Тодорова Сабота – но еве кое е значењето на овој ден и што се прави