Доналд Трамп: Комбинацијата од овие два лека имаат шанса да ја сменат историјата

0

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, во еден од последните твитови вчера, порача дека комбинација од два медикаменти, имаат шанса да ја сменат историјата.

Се работи за препаратите Хидроклоракин и Азитромицин, за кои експертите велат дека би можеле позитивно да дејствуваат на новиот Корона вирус.

После ваквата објава, претседателот од многумина беше пофален за неговите заложби да се најде излез во борбата против вирусот.

Но многумина пак, во коментари го нападнаа обвинувајќи го дека тој не е лекар за да препишува лекарства.

Трамп не обрнувајќи многу внимание на злобните коментари, продолжи преку твитови да ја охрабрува ФДА, што побрзо да ги потврди овие сознанија од експертите и да ја патентира новата комбинација од медикаменти.

Ситуацијата во САД, како и во останатиот дел од светот е поразителна. Вирусот се шири со голема брзина, особено во државите Њујорк, Њу Џерси, Калифорнија, Илиноис…

Претходна статијаЈохан Елзесер со резиме за сите нелогичности во вонредната состојба
Следна статијаКалина Коси: Денес ќерка ми требаше да оди во парк – еве што јас и кажав и што таа направи