По падот на берзата – Ворен Бафет апелира да се купуваат акции, наместо да се продаваат

0

Вчера и денес се случи драматичен пад на акциите на светските берзи. Целата берза е во слободен пад од околу пет проценти. На оваа надолна линија не остана имуна ни најпознатата крипто валута Биткоинот, кој исто така забележа голем пад.

Менаџерот за инвестицискиот фонд Berkshire Hathaway, Ворен Бафет го нарече ширењето на новиот коронавирус „страшна работа“, но истакна дека сега не е време да се продаваат акции, и покрај заканата од пандемичен вирус, пренесува Ројтерс.

Во интервју за „Си-Ен-Би-Си“, Бафет рече дека кинеската епидемија на коронавирусот не ги менува неговите долгорочни планови. Според Бафет, коронавирусот е „ужасна работа“, но тој не смета дека тоа треба да влијае на оние кои инвестирале во акции.

Потсетуваме дека на 24 февруари глобалните пазари паднаа нагло како резултат на стравувањата дека избувнувањето на коронавирусот „Ковид-19“, кој започна во Кина и се распространи во голем број земји, вклучително и Италија, Јужна Кореја и Иран, би можеле да ги прекинат синџирите на снабдување и да го забават глобалниот економски развој.

Покрај тоа, Бафет рече дека долгорочните инвеститори не треба да обрнуваат внимание на дневните наслови во вестите и дека неговиот инвестициски фонд ќе продолжи и ќе биде „склон“ да купува акции.

„Ако ја погледнете моменталната состојба, вели познатиот финансиер, ќе добиете повеќе за вашите пари во акции, отколку во обврзници“.

Тој тврди дека ова е точно, иако американската економија станала „малку помека“ отколку пред шест месеци.

Американската економија порасна за 2,3% минатата година, но имаше пад на потрошувачката и на индустриското производство.

Ворен Бафет зборува два дена откако од неговиот фонд соопштија дека оперативната добивка паднала за 3% во 2019 година на 23,97 милијарди американски долари поради осигурителни загуби, додека растот на Apple и другите инвестиции ги зголемиле нето-приходите на рекордни 81,42 милијарди долари.

Претходна статијаШто правеле Срџан Керим и Мане Јаковлевски во Берлин, додека овој бил амбасадор во Германија
Следна статијаРама пристигна во Москва, но најверојатно од Путин нема да биде примен