Статус на Петар Трајчевски од Скопје, кој студира во Милано, Италија: ,,Како студент во Милано, на факултет за политички науки и меѓународни односи, решив дека сакам да го споделам мојот став околу фамозниот вирус Корона.
Луѓето ги поделив јас на 3 групи:
– Преинформирани -думстери спремни да се изолираат дома со кила зејтин и паста
– Исплашени- посебно присутни помеѓу постарата популација
Реални- тие што ги мислите за луди што не се замараат и не ствараат паники
Во регионот Ломбардија има 200+ случаи од над 10 милиони население. Преземени се драстични мерки бидејки Италија е влез на европските граници и шенген зоната. Затоа власта мора да реагира ригорозно, но тоа не значи дека треба и луѓето да го прават истото.
Мене Милано буквално ме избрка- ги испразнија маркетите, почнаа да ги носат најпростите маски без никакви филтри ни заштита бидејки се исплашени или се кул за инста стори, факултетот ми е суспендиран итн..
Мора малку подлабоко да гледате на нештата. Има зошто баш оваа болест стана толку популарна одеднаш и толку многу ексесивни мерки се превземени низ цел свет. Дали навистина сме во здраствена криза или пак политичко-економска движење?
За крај ви спремив дел од изјавата на најпознатиот Италјански психолог Рафаеле Морели:
,,Нашиот мозок е поврзан со хормоните, со влијанијата, чувствата, со имунолошкиот систем. Негативниот психички циклус во кој влеговме има огромно влијание врз „античкиот мозок“, со еден збор влијае и на нашата имунолошка одбрана “. доколку продолжиме со овој ритам на негативноста влегуваме во спирала, со многу висок степен на потешкотии при излегување.
До сега создадовме мачен пат. Стануваме наутро, вклучуваме ТВ и од тој момент стануваме цел на низа бесконечни премини кои не прават ништо друго освен што нè прават тажни.
Тоа е една вртелешка што нема никогаш не нè напушти. Од ТВ преминуваме на компјутер, од компјутер на телефон, од телефон на социјалните мрежи, од социјалните мрежи на ТВ. Нема повеќе ограничувања на количината на негативност која паѓа врз нас.
Нема повеќе пауза ниту помеѓу една лоша вест и следната. Бројот на заразени, оној на мртвите, слики од напади на супермаркети. Заробени сме во стапица од која не разбираме како да излеземе “.
Запрашајте се самите на кого навистина му помагате кога купувате маски брашно и триста други глупости. Не е ова ,,Д вок инг дед,,, ниту Кина. Не ја играјте играта во која сме губитници уште од самиот почеток.”