Паралела помеѓу трошoците за живот помеѓу Германија и Македонија: Kаде е поефитно

0

Во просек, векна бел леб од 750 грама во Германија чини 0,85 евра (51 денар), а француски багет од 250 грама чини 0,60 центи (36 денари). Векна бел леб од 250 грама во Македонија чини 27 денари, а некаде достигнува и 39 денари.

Анализата на германскиот Институт ВСИ за трошоците за живот во европските земји која ја објавивме минатата недела предизвика бројни полемики на социјалните мрежи.

Во истата се тврдеше дека основните животни производи во Македонија се меѓу најевтините во Европа и дека таквата разлика доведува до тоа едно евро заработено во Германија да вреди двојно повеќе во Македонија.

Поведени од ваквиот заклучок тргнавме во директна анализа на цените на основните животни производи во Македонија и во Германија.

Нашата анализа укажува дека производите во Македонија не само што не се поевтини, туку се во најмала рака со иста цена или дури и поскапи од богатата Германија.

Нашиот заклучок: без оглед на огромната разлика во животниот стандард и просечната плата, цените во Германија во најголем дел се поевтини. Во Македонија се поевтини солта, кафето, овошјето и зеленчукот.

Германија за луѓето од Западен Балкан е омилена адреса за подобар живот. Но, животот во Германија не е така евтин. Само за стан месечно се издвојува една третина од платата. Колкави се останатите трошоци?

Откако во текстот „Колкава е навистина просечната плата во Германија?“ пишувавме за висината на заработувачката и за државните издатоци, се поставува прашањето: колкава нето плата е доволна за живот и колку е скап животот во Германија?

Германија во споредба со другите европски земји важи за релативно евтина за живеење. Според статистичките податоци за нормален живот во Германија во текот на 2019 година месечно се потребни 750 евра.Цените за храна, живеалиште и облека се за 4,3 отсто повисоки од европскиот просек.

Тоа е значително помалку во однос на Данска која е најскапа за живот. Цените во Данска се 37,9 насто повисоки од европскиот просек. Во најголемите трошоци за живот во Германија спаѓаат оние за живеалиште. Месечната кирија значително се разликува од местото на живеење. Важна улога игра дали сакате да живеете во некоја од германските метрополи или во некое германско село одалечено од градот и по неколку десетици километри.

Претходна статијаГолем интерес, за 15 минути снема билети за „Медена земја“ – нема повеќе, се е распродадено
Следна статијаВаско Ефтов открива кој ќе биде идниот лидер на ВМРО доколку Мицкоски не успее да стане Премиер