Голем интерес, за 15 минути снема билети за „Медена земја“ – нема повеќе, се е распродадено

0

Билетите за “Медена земја“ во сплитската кинотека „Златна врата“ се распродаваат за 15-тина минути, пишува „Слободна Далмација“. Се чини дека цел Сплит, па и пошироко, сака да ја гледа „Медена земја“.

“Слободна Далмација“ во својата репортажа пишува:

-Како и во претходните денови, тргнаа многуборојни наши сограѓани. Пред кино-благајната вообичаено се стигнува десетина минути пред проекцијата, онака, од навика, елегантно и опуштено, без стресови, редици за билет. Но, уште на влезната врата метеж.

„Нема повеќе влезници, се’ е распородадено!“, во неверување слушаа. А, така беше и претходните денови. Билетите „пламнуваа“ за 15-20 минути.

Конечно, за тие што на време купија билети, претставата во полната сала почнува, мобилните ислучени. Почнува приказната за Атиџе Муратова, 55-годишната медарка што живее во изолирано македонско планинско село, произведувајќи првокласен мед на неверојатни места.

Нејзниниот неверојатно тежок, но хармоничен живот неочекувано го разнишува доаѓањето на нови соседи. Во салата се слушаат воздишки, други бришат солзи.

Но, повремено има и смеа. Зашто карактерот на Атиџе Муратова е впечатлив и надреален во ова себично, конзумеристичко време, па веројатно сите по завршувањето на филмот посакаа, ако можат, да ја прегрнат, бакнат, да слушнат каде е денес и живее ли уште, по неочекуваната слава што ја доживеаја и таа и авторите на филмот, во истата камена куќарка без струја, вода и било какви цивилизациски придобивки, – пишува „Слободна Далмација“,.

Претходна статијаВо градот каде што живеат многу Македонци за само 60 денари цел ден може да користите јавен превоз
Следна статијаПаралела помеѓу трошoците за живот помеѓу Германија и Македонија: Kаде е поефитно