Замина Дејвид Штерн – играчите и клубовите во НБА тагуваат

0

Поранешниот долгогодишен комесар на НБА лигата Дејвид Штерн починал во 77 година од животот!

Во соопштението од НБА лигата, стои дека Штерн до последните мигови од животот бил опкружен со членовите од семејството. Тој на 17 декември имал излив на крв во мозокот и бил итно опериран.

Дејвид Штерн инаку цели 30 години работеше како комесар на НБА лигата и беше еден од најзаслужните за растот на популарноста на најсилното кошаркарско првенство низ целиот свет.

Штерн на функцијата комесар на НБА стапил на 1 февруари 1984 година, а фукцијата ја напушти во 2014 година, кога замина во пензија.

Претходна статијаФросина од Скопје: Една од причините за брак е трудноќа, каде невестата има незгоден татко и набилдан брат
Следна статијаЈелена Спенџарска на Инста: Зошто ми љубоморите